Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 94 | година XVII | јануари-февруари, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 94јануари-февруари, 2014
Поезија

Полн месец во Истанбул

Превод од хрватски: Игор Исаковски


/8
стр. 1
Бранко Чегец

паѓање на темнината на исток
потоп
жената со ламтеж по мраз
клацкалка
јазик
популизам
реклама за смрт
Фрагменти за фотографијата

_______________________________________________________________________

паѓање на темнината на исток

колачот со ф’стаци исчезнува во еден залак.
слепиот пејач ја сменил фризурата,
се избричил, облекол нова кошула.
звукот не нешто на што се согласуваме.
тој ни се засекува во сите страни на светот
и ја растура ориентацијата:
горе е долу, долу е запад,
истокот е дополнително и така
четириесет илјади километри.
таксиметарот не работи во самрак
додека има застој на мостот помеѓу континенти.
која страна е помрачна?
секогаш онаа во која доаѓаш.
малку месеци има на менито,
а веќе се огласува фајронт:
трубачите потцупнуваат,
тапанарите ги однесуваат весниците и сладоледот:
доцна е за шопинг и паузирање.
ги собираш своите кесиња и излегуваш:
топло е, студено е
меѓу нозете.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+