Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 94 | година XVII | јануари-февруари, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 94јануари-февруари, 2014
Проза

Книга за Уна

– извадок од романот –


/6
стр. 1
Фарук Шехиќ

Ноќно патување

Ако дождот почне воочи на петок тогаш ќе паѓа седум дена, така мајка секогаш ни велеше. И дождот го прекри нашето небо со силата на ајетот од сурата Ал-Карија / Пропаст на светот.
     Кога водата нè опкружи од сите страни, мајкината куќа тргна на својата прва пловидба. Пред да станеме унопловци се чу силен тресок, зашто куќата се одвои од своите земни корења. И така олеснета, без темелите во кои се вградени оклопи и стабилизатори од експлодирани авио-бомби од Втората светска војна, без камењата од старата куќа која изгорела при сојузничкото бомбардирање на градот, и речниот бигор во фундаментот, куќата се подготвуваше да го издржи најлошото: пат во непознатото.
     Оние брзи на нозе кои водата не ги изненади како нас, тие се искачија на Равник, на самиот врв на Хум од каде што се надеваа дека сонцето конечно ќе ги пробие облаците и ќе го сопре потопот. Ние кои немавме многу избор, и кои не сакавме ќудот на климата да одлучува наместо нашата волја, сами ја зедовме судбината во свои раце.
     Со некое чудо, подрумот се беше вовлекол во куќата станувајќи ни машинска палуба, зашто долу беа црвените мерачи на притисок со мали кружни управувачи за кормиларење низ набуените и несигурни води. Капаците на нив повремено се креваа испуштајќи лута пареа, ако моторите случајно ќе се прегрееја. Виновата лоза се одмота од мајкината куќа и се претвори во разлистено едро, за секој случај, како резервен погон. Слегов во подрумот откако со раце и со шипка го расклопивме бродскиот под, и се зафатив за металните тркалца за кормиларење. Мајка стоеше во кујната на прозорецот заедно со стрико Шета кој служел војска во Југословенската воена морнарица. Таа управуваше со куќата која стана пловен објект, држејќи бројаница обесена на дланката. Кугличките од нејзината килибарна бројаница кружеа низ својот нечуен универзум. Шета ја држеше вилата в раце, ако случајно догледа грб на голема штука. Водата нè прскаше по лицата сакајќи да скокне во мајкината кујна, но тоа не ја намалуваше нашата морнарска одлучност.
     Се спуштавме низ Унаџик право кон Пиланица па сè натаму до спојот на чии песочници секогаш имаше мрени и скобали. На споевите, Унаџик се влеваше во Крушница. Тука се мешаа двете води. Крушница се задржуваше на делот од реката кон десниот брег, каде што водата беше постудена, додека Уна го заземаше подрачјето на левата страна од збратимените теченија. По средината на текот, при летниот водостој, плутаа влакнести честаци со цветови налик на очи од


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+