Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 94 | година XVII | јануари-февруари, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 94јануари-февруари, 2014
Проза

Бебето-радио

/4
стр. 1
Дебора Кеј Дејвис

Сигурна сум дека мајка ми полудува. И само јас забележувам. Бидејќи новото бебе шмрка во малата спална на горниот кат, далеку од нас. Стојам и го слушам бебето од дното на скалите. Мајка ми вели да го засилиме гласот на радиото секогаш кога бебето почнува да цимоли. Вели дека бебето не мисли ништо кога го прави тој звук, само потпуштете го радиото, до Бога. Ако се посомнева дека одам до скалите да слушам, ме вика и ме прекорува како да имам шест години. Можеби и имам, си мислам, веројатно сакам да имам. Кога ѝ велам дека бебето ја бара, дека е гладно или дека му студи, таа ќе ме погледне како кога бев малечка и кога ќе ме фатеше дека лажам. Има совршено добро објаснување, вели таа смирено: детето се вклучува пред мене.
     Го ѕирнав бебето вчера, кога мајка ми си дојде дома. Не ја очекувавме уште два дена, излегла пред време, се јавила да дојде такси, па тато и Тамар сè уште беа кај баба. Јас првпат бев сама. Планирав да исчистам, можеби да купам цвеќе, барем да зготвам нешто, пред да дојде таа. Бев во бањата, косата ми беше намачкана со шампон, кога некој чукна на надворешната врата. Останав кај што бев, има толку чудаци што одат по куќи деновиве, а и не очекував никого. Чукањето не престана, па станав од кадата и потрчав до полуотворениот прозорец и ѕирнав надолу. Мајка ми се потпираше на ѕидот на тремот. Ја видов нејзината ретка руса коса што ѝ леташе околу главата и розовата кожа на нејзиниот скалп, како скалп на пластична кукла. Под раката држеше еден врзоп, на земјата до неа се лизгаше една голема сина вреќа. Додека стоев таму, а пената од шампонот ми се цедеше по рамената, сакав да не одговорам на тропањето. Знаев дека сешто може да се случи кога ќе се отвори вратата. Така, малку постојав и ја погледав, а мајка ми го преместуваше врзопот на колкот и се навалуваше напред за да го потпре челото на вратата.
     Во кујната се обидувам да ја скријам планината од валкани садови во мијалникот. Ѝ нудам шолја чај на мајка ми. Сè по ред, рече таа, и го премести бебето од колкот. Беше големо, крупно момче со осип преку горната усна. Мајка ми го одмота врзопот од ќебињата и го префрли бебето преку рамо како мало купче водени алишта. Не ми се допаѓаше како главата му се мавта напред-назад. Вратот му


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+