Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 94 | година XVII | јануари-февруари, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 94јануари-февруари, 2014
Есеи

Зошто пишувам?

/7
стр. 1
Џорџ Орвел

Од најрана возраст, можеби кога имав пет или шест години, знаев дека кога ќе пораснам треба да бидам писател. Помеѓу седумнаесеттата и дваесет и четвртата година се обидов да ја отфрлам оваа идеја, но притоа бев свесен дека ја изневерувам мојата вистинска природа и дека порано или подоцна ќе треба да се успокојам и да пишувам книги. Јас бев средното од трите деца, со разлика од пет години и на двете страни, и едвај го видов мојот татко пред мојата осма година. Заради оваа и други причини донекаде бев осамен и набрзо развив незгодни особини коишто беа повод да бидам неомилен низ ученичките денови. Ја имав онаа навика на осамено дете кое измислува прикаски и си разговара со измислени ликови, и мислам дека уште од самиот почеток моите литерарни амбиции беа измешани со чувството да се биде изолиран и потценет. Знаев дека сум вешт со зборовите и дека имам моќ да се справам со непријатните факти и чувствував дека тоа ми создава еден сопствен свет кој ми овозможува потпора за неуспехот во секојдневниот живот. Сепак, опусот на сериозни – т.е. сериозно намерени – ракописи коишто ги напишав низ целото мое детство и момчештво не би броело повеќе од дузина страни. Својата прва песна ја напишав на четири или пет години, диктирајќи ѝ ја на мојата мајка. Не се сеќавам на неа, освен дека беше за тигар кој имал „заби-како-столчиња“ – доволно добра фраза, но си замислувам дека поемата беше плагијат од Блејковата „Тигру, тигру“. На единаесет години, кога започна Првата светска војна, напишав патриотска песна којашто беше отпечатена во локалниот весник исто како и една друга, две години подоцна кога почина Китченер. Од време на време, кога бев малку постар, пишував лоши и вообичаено недовршени „натурални песни“ во георгијански стил. Имав обид да напишам и краток расказ кој беше ужасен неуспех. Тоа е сета „демек“ сериозна работа која ја имав ставено на хартија низ сите тие години.
    Сепак, низ сето време на некој начин бев инволвиран во литерарни активности. Најпрвин имаше нарачани работи коишто ги пишував доста брзо, лесно и без многу лично задоволство. Настрана од училишните обврски, пишував vers d'occasion, наполу комични песни кои можев да ги создадам, што сега ми се чини, со зачудувачка брзина – на четиринаесет години напишав цела римувана драма, имитација на Аристофан, за околу една недела – исто така помогнав да се уредат обете верзии на училишното списание, печатената и ракописната. Овие списанија беа најбедните






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+