Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 94 | година XVII | јануари-февруари, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 94јануари-февруари, 2014
Критика

Пинтер во Македонија

Изведби, преводи и критичко восприемање


/16
стр. 1
Бенџамин Китинг

1. Вовед


    Со оглед на големината (25,713 km²) и релативно малиот број жители (2 милиони) Република Македонија нуди изненадувачки долга и богата театарска традиција и инфраструктура. Во својот есеј „Театарот во потрага по својот нов идентитет“ водечкиот театарски научник Јелена Лужина вели дека македонската „долга и богата културна историја – примарно урбана – е создадена од густа мешавина на различни јазици и традиции (македонски, турски, влашки, еврејски, албански… )“ додека „Моментално доминира процесот на транзиција, карактеристичен за сите бивши комунистички земји…“ (Лужина 2004). Целта на овој есеј е да се покаже дека во текот на оваа традиција – и по осамостојувањето во 1991 година, војната во соседно Косово во доцните 90-ти години и сопствениот краток конфликт во 2001 – македонската сцена пронашла место за драмските дела на Харолд Пинтер. Навистина, иако влијанието и ширењето на Пинтер можеби се бавни, посебно во периодот пред осамостојувањето, постојат цврсти докази кои покажуваат дека делата на Пинтер се вклучиле во македонскиот репертоар во исто време влијаејќи врз работата на значајни македонски драматурзи кои пишувале пред и по 1991 година. Како што се тврди во есејот, се чини дека средината на 90-тите години ја означуваат точката на „издигнување“ за Пинтер во Македонија. Пишувајќи во 1994 година, критичарот и поет Иван Ивановски се обидел да претстави причини за „таков долг период на негирање на Пинтеровата драматургија на македонските професионални драмски сцени“ (Ивановски 1994). Како можни препреки тој ги наведува предизвиците при изведување на Пинтер како и потенцијалната „тежина“ и „нејасност“. Како и да е, можно е повисоките нивоа на културна размена во периодот по 1991 година да претставуваат значаен фактор во совладувањето на воочената тежина на Пинтер како и волјата на преведувачите и режисерите да се зафатат со неговите дела. Она што е сигурно е дека до моментот кога на Пинтер му е доделена Нобеловата награда во 2005 година, поголемиот дел од редовните посетители на театарот кои го следат развојот на модерната драма барем имале шанса да ги гледаат делата на Пинтер изведувани на македонски. Секако, се покажа дека Нобеловата награда во 2005 беше поттик за нови изданија и дела и сите ќе бидат проследени во овој есеј.
    Осврнувајќи се на децениите наназад од првата лондонска изведба на Роденденска забава во 1958 година, можеби се чини изненадувачки фактот дека првата евидентирана изведба на Пинтер во Македонија (се разбира тогаш во состав на Југославија) се случила речиси две децении подоцна, на 11 ноември 1975 година во Велес, каде што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+