Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 95 | година XVII | март-април, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 95март-април, 2014
Поезија

Во некои денови

Превод од германски: Елизабета Линднер


/8
стр. 1
Јурген Ненѕа

Денот филтриран
Лет во место
Топола
Во некои денови
Јаболко и кос
Секојдневно
Сопствениот здив
Се сретнуваме

_______________________________________________________________________

Денот филтриран

ДЕНОТ ФИЛТРИРАН низ процепите од ролетната
и секое придвижување создава кривулести линии, рути за патување:

прошареаност од сенки, водена мембрана. Ти

си седната во сликата, архаична, со масло од еукалиптус
на работ од кадата, замислено се внесуваш во дождовниот
период: кората од стеблото се засекува

сега, на неа концентрично се врти патувањето на местата
за кои некој си прикажува, на некој почеток
на некакво претчувство, подреденост:

површинскиот напон

те поделил на птичја перспектива
и сликарство на тело
врз потопени врвови од прсти.

Потоа водата истекува. Пред прозорецот
непоместени паралелограмите. Ти остануваш
во просторот, архива си,

што остинува.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+