Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 95 | година XVII | март-април, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 95март-април, 2014
Проза

Огледало

Превод од хрватски: Игор Исаковски


/5
стр. 1
Мирослав Миќановиќ

_______________________________________________________________________

Огледало

Излегуваш од бањата после она што го правиш зад затворена врата. Помеѓу нас има мал ходник со големо огледало. Исчезнуваш во левиот агол, зашто таму е орманот со облека. Сакам да те видам гола во огледалото и бегам од компјутерот, се вртам за 180 степени: единствено што догледувам е моето повторено лице во големиот и пуст простор.
    Седнувам на своето место пред лицето на екранот, удирам по тастатурата; дали така ќе те повикам, дали така ќе те опишам? Признавајќи што сум сакал, покажувам колку сум слаб и тоа ќе ми се одмазди во идниот живот, во текстот.
    Но кој сега би се грижел за тоа? Каде си, сакам ли да кажам дека тоа ми е важно? Што правиш? Како си облечена, се распрашувам за покров, за крај.

Циклон

Јавија дека доаѓа Џеновскиот циклон и поради таа спасоносна вест донесовме одлука – заминуваме. Со сложивме да ја напуштиме нашата привремена куќа за одмор и дека тоа е најдобро за сите нас, дека тоа мораме да го изведеме во следните половина час.
    И тоа е тоа.
    И тоа е тоа.
    И сега бргу ја затвораме вратата, го сторивме сето нужно пред тоа: ја прередивме храната од плинскиот фрижидер, после ќе го исклучиме и ќе останеме во недоумица. Дали смеевме да ја треснеме вратата или требаше да ја оставиме отворена, како што беа направиле нашите претходници, кои не се прославија во нашите очи, зашто зад себе беа оставиле многу неуредни и несовршени нешта. Знаеме дека повод за тоа им дале сопствениците на куќата, нашите роднини, со куп исечен леб оставен за радост на ползечките и гадни штетници, или со неуништливиот мирис на компир во распаѓање најден во шпајзот под скалите.
    Стоп, можевме да му речеме на сето тоа, и сè да смениме. Сега треба бргу да се подготвиме, да изметеме зад себе, се судираме, се мешаат рацете и различни овластувања. Но се знае, колку годе тоа да беше премолчено, како се поделени моќите; нема големи промени во тие улоги и никој не се буни. Децата се пораснати, оние црните, големи и убаво личат на ретки птици со посебни гласови, лути и прекрасни во несклад со рацете, нозете, вратовите и главите, ги пренесуваат работите до несигурниот брод, преку докот и конопот до кабината: алишта, риби фатени со мрежа и харпун кои ќе ги јадеме во градот.
    И доаѓа мигот во кој се плашиш да пишуваш: затворање на прозорците и вратите, скарата, настапување на темнина и студ, сенка






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+