Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 95 | година XVII | март-април, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 95март-април, 2014
Проза

Задгробниот живот на Васка Пупинова

/3
стр. 1
Румена Бужаровска

Васка Пупинова беше македонска поетеса со објавени над 40 збирки поезија кои почна да ги издава по својата педесетта година. Во меѓувреме беше невработена. Умре во 2014-тата, на свои 80 години. Тоа значи дека секоја година Васка објавувала повеќе од една збирка поезија. Ниедна од тие збирки не доби ниту рецензија, ниту награда. Никој не ја викаше Васка по поетските читања, каде што сама се појавуваше. Никој не знаеше дека постои, освен ако сама не дојдеше во некоја женска организација да си ги промовира книгите или бесплатно да ги раздава. „Стихови за жената“, „Женски цвет“, „Ако ме љубиш, љуби ме цела“, „Трептежот на срцето“, „В туѓа постела“ се само неколку наслови од нејзиниот броен опус, карактеристичен по своите сапунски метафори и китнести клишеа.

Книжулињата ѝ се тенки, испишани со големи букви во нееднаков фонт, со грешки во форматирањето, страници што се лепат една за друга или отпаѓаат по првото прелистување. Кориците се евтини и грди, со бои што излегуваат еден сантиметар од линиите, што предизвикува ефект на двојно гледање. Издавачката куќа се вика „Пупин Прес“ и е на сопругот на Васка. Освен книги од Васка, како и неколку епови и романси за Александар Македонски напишани од страна на еден дијаспорец од Австралија, „Пупин Прес“ не објавил ништо друго.

Кога умре стариот Пупин, ѝ го остави на Васка целиот имот: огромна куќа во Дебар Маало, викендички на Матка и на Маврово, трособен стан во Центар. Васка само станот во Центар го издаваше, а другиот имот сама си го користеше. Нејзините ќерка и син со своите семејства живееја во Скопје, но ретко ја посетуваа. Едвај чекаа да умре за да го зграбат имотот, и затоа живееја безгрижно, одејќи и на летни и зимски одмори и покрај тоа што не можеа да си дозволат таков луксуз.

Штом умре Васка, роднините мршојадци се собраа да го отворат тестаментот. Децата три дена по ред (колку што требаше да се отвори тестаментот откако Васка умре и ја погребаа во посебна парцела до мажот ѝ) ги чешаше левата дланка, и така се убедија дека ќе наследат огромни пари и ќе можат на уште полуксузни одмори да одат. На отворањето на тестаментот беше присутна и сестра ѝ на Васка. Присутните беа шокирани кога дознаа дека Васка ѝ го оставила целиот имот нејзе, но само со цел на гробиштата да крене огромен споменик во нејзина чест, изработен од мермер и бронза, со скулптура од Васка и со позлатен релјеф кој го прикажува






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+