Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 95 | година XVII | март-април, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 95март-април, 2014
Есеи

Деца на соништата

/4
стр. 1
Чарлс Лем

Децата многу сакаат да читаат приказни за постарите, кога тие биле деца; да ја прошират својата фантазија до концептот на нивниот прадедо, прабаба кои никогаш не ги виделе. Токму во овој дух, моите малечки пред некоја вечер дојдоа кај мене за да слушнат за нивната прабаба Филд, која живеела во голема куќа во Норфолк (стопати поголема од онаа во која живеат тие со мене, нивниот татко) каде што – барем како што општо се веруваше во тој дел од земјата – се случиле трагични инциденти за кои тие слушнале од баладите на Децата на шумата. Како што разбравме, целата оваа приказна за децата и нивниот суров чичко била издлабена врз дрвена подлога над каминот на големиот ѕид – целата приказна сè до Робин Редбрест, сè додека некој богат будала не ја тргнал за да си стави мермерна плоча по најнова мода, на која немало приказна. Овде Алис ме погледна исто како мајка ѝ, пренежно за да не ја искарам. Потоа продолжив да им раскажувам колку религиозна и добра била нивната прабаба Филд, колку сакана и почитувана од сите, иако не била господарка на оваа голема куќа, туку само раководела со неа (а, сепак, во некој поглед, може да се рече дека била и нејзина господарка), за што ја задолжил сопственикот, којшто, пак, сакал да живее во понова и помодерна куќа, купена некаде во близина; но таа живеела таму небаре е нејзина куќата, и притоа го одржувала угледот на големата куќа, што подоцна се распаднала и речиси се урнала, а сите стари украси биле земени и однесени во куќата на сопственикот, каде што биле поставени и изгледале многу чудно, исто како некој да ги зел старите гробови од Опатијата и да ги залепил во дневната соба на лејди К. Овде Џон се насмевна, како да сакаше да рече, „е, тоа навистина би било глупаво“. А потоа им раскажав како, кога умре, на нејзиниот погреб дојде цела редица сиромашни луѓе, но и некои благородници, од сите околни гратчиња, за да оддадат чест во нејзин спомен, зашто беше толку добра и религиозна жена; всушност, толку беше добра што сите псалми ги знаеше на памет, а и големи делови од Стариот и од Новиот Завет. На ова место од раскажувањето, малата Алис ги рашири рацете. Потоа им кажав колку нивната прабаба Филд беше висока, исправена, грациозна личност, и како во нејзината младост ја сметале за најдобрата танчарка – тој час десното стапало на малата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+