Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 95 | година XVII | март-април, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 95март-април, 2014
Есеи

Три есеи

/7
стр. 1
Мишел Екем де Монтењ

_______________________________________________________________________

За стравот

“Obstupui, steterunt que comae et vox faucibus haesit. – Virgil, Aeneid, ii. 774)”
    („Бев отапен од страв, косата ми беше накострешена и гласот заглавен во грлото”)
    Не сум толку добар филозоф на природата (според терминот кој се користи), за да имам некаква претстава за механизмот на стравот кој го чувствуваме во нас; но сепак, стравот е една толку чудна емоција; докторите велат дека тешко да постои некое друго чувство кое толку брзо ни ја одзема способноста разумно да судиме. Јас лично сум видел многу луѓе кои биле излудени од страв, дури и кај оние со најспокоен темперамент стравот може да предизвика ужасна бркотница. Го изоставам простиот човек, чиј страв напати предизвикува да му се причини дека ги гледа своите предци како наоблечени со посмртните партали излегуваат од гробниците, или визии на врколаци, гоблини и химери; но дури и помеѓу војниците, каде што за стравот нема место, колку пати ли сум видел едно стадо овци да се претвори во цел ескадрон наоружани витези; рогоз и трски во копјаници и коњаници, пријателите во непријатели, и францускиот бел крст во црвениот крст на Шпанија! Кога Господинот де Бурбон го заземал Рим (во 1572), при првото предупредување, еден гласник кој чувал стража на Борго Сан Пиетро бил зграпчен од таков страв, што скокнал преку една дупка во урнатините трчајќи право накај непријателот, додека во раката сè уште го држел бајракот. Мислејќи дека трча во правец на градот, дури во последната минута ги забележал непријателските трупи на Господинот де Бурбон кои се подготвувале на отпор (тие помислиле дека луѓето од градот тргнале во јуриш кон нив). Откако ја увидел својата грешка, сега почнал да трча назад, протнувајќи се низ истата дупка од која само што изминал четиристотини и педесет метри во јуриш накај бојното поле. Сепак, кога Свети Павле бил примен од нас од страна на грофот Де Бур и господинот Де Ру, гласникот на Капетанот Џулио, не извлекол толку среќен крај. Тој бил толку избезумен од стравот кој го обземал што како фурија излетал, сосе барјак и сè останато, низ бродското прозорче за во истиот момент да биде расечен на парчиња од непријателот. Имаше уште еден незаборавен случај за време на истата опсада – стравот што го обзел срцето на еден благородник толку силно го задуши и замрзна, што овој паднал мртов во ровот без пред тоа да биде повреден. Таков страв понекогаш може да се јави и кај цела група луѓе;






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+