Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 95 | година XVII | март-април, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 95март-април, 2014
Критика

За палестинската уметност

Камал Булата. Палестинска уметност: од 1850 година до денес
Kamal Boullata. Palestinian Art: From 1850 to the Present. London: Saqi, 2010. 363. Bibliography, index. Pounds 25/$35.95 978-0-86356-648-6


/3
стр. 1
Ребека Голд

Како збир на неговите претходни есеи за палестинската уметност во една книга, Палестинска уметност на Булата претставува најцелосна и најсеопфатна дискусија за историјата на палестинската уметност што може да се најде на англиски јазик, а единствената книга што може да и биде конкуренција е делото Istihdar al-makan: dirasa fi al – fann al-tashkili al-filastini al-mu’asir (Conjuring Space: A Study of Contemporary Palestinian Plastic Arts, 2000, односно Изведување магија со просторот: Истражување на современата палестинска ликовна уметност) на арапски јазик, напишано од самиот Булата. Поделено на четири дела, ова ремек-дело вклучува краток, но провокативен вовед од теоретичарот на уметност Џон Бергер, што го илустрирал синот на Бергер, Ив Бергер, со мрачни цртежи на Палестинци затворени зад бодликави жици.
    Палестинска уметност
претставува кулминација на повеќе од три децении на авторовата теренска работа, истражување и практика во уметноста на сликањето. Булата во своето дело говори од својата перспектива и на уметник и на истражувач на ова поле. Почнува, како што неизбежно почнува и секоја историја на палестинската уметност, со „националната катастрофа што ги забрза иселувањето и дисперзијата на палестинскиот народ“ (27) и ограбувањето на палестинското уметничко богатство. Но, наместо хронолошки да тргне од оваа точка, Булата се враќа назад во времето. Првиот дел („Од религиозно кон секуларно сликање“) се занимава со раѓањето и развојот на студиската уметност во Палестина, со особен фокус на отомански Ерусалим. Едно од неочекуваните изненадувања во книгата е дискусијата за улогата на руската и византиската иконографија во „осветлување на патот на локалната сликарска традиција“ во арапските православни цркви, како и за улогата на руската и византиска иконографија во подоцнежната секуларната уметност (32).
    По историјата што ја презентира Булата за раѓањето на секуларното од религиозното сликарство, следи Вториот дел („Сеќавање и спротивставување“), што се состои од четири глави кои говорат за периодот по 1948 година. Овој период на најдлабокото страдање на палестинскиот народ исто така се совпаѓа со појавата на апстрактното сликарство во палестинската уметност. Врз основа на делото на теоретичарот на постколонијализмот Хоми Баба, Булата до најситни детали ги истражува многубројните начини на кои појавата на апстрактната уметност во полето на естетиката се поврзува со она што Баба го опишува како предизвици на „соединување на расфрленото минато за да се сфати траумата на сегашноста“ (123).
    Третиот дел („Уметност од гетото“) почнува, како што може и да се очекува, со Шестдневната војна (al-Naksa) од 1967 година. Но, како и сите делови од оваа книга што почнуваат со војна и се отвараат






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+