Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 95 | година XVII | март-април, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 95март-април, 2014
Критика

Неискажаната можност на јазикот

Поетските тишини кај Маларме и Рилке


/13
стр. 1
Кристофер Троган

I. Вовед: современост, поезија, тишина

Последните и неусогласени дефиниции на „модерноста“ заеднички укажуваат на една фундаментална карактеристика којашто била истражувана и го теоретизира времето, но заслужува уште повеќе интелектуално внимание: амбивалентноста кон јазикот неспоредлива со ништо што било напишано пред XIX век. Од една страна, „модерноста“ имала голема верба во моќта на зборот, но оваа верба била совладана од сомневање доволно да поткопа каква било потенцијална јазична стабилност. Во својата најекстремна појава, ова резултира со појава на јазична вознемиреност, па дури и параноја, која им се заканува на семантичките можности на поетиката. Исходната закана на тишината – дали тематска, синтаксичка, метафорична, или буквална – е насекаде распространета во модерната поезија. Како што пишува Елиот, „зборовите, по говорот, ја досегнуваат тишината“.[1]
    Јасната природа на тензијата помеѓу границите на она што може да се каже и привлечноста на некажаното е комплицирана, контроверзна и е надвор од доменот на овој труд. Сепак, подлабока анализа на општиот феномен на поетска тишина и на два модерни одговори на тоа – оние на Маларме и Рилке – донесуваат значајна проникливост како во идејата на „модерното“, така и во суштината и внатрешните интриги на модерната поезија.
    Пред анализата на Маларме и Рилке како примери на самоегзилот на модерениот поет во областа на неискажаното, важно е да се истражат историските извори на воочените недостатоци на јазикот и начините на кои ова довело до прилично екстремна ситуација за модерната поезија – ситуација можеби е најдобро доловена во тврдењето на Морис Бланшо дека „тишината, ништожноста, токму таму се наоѓа суштината на литературата“.[2] Всушност, како што тврди Џорџ Штајнер, одреден степен на загриженост во врска со ограничувањата на зборовите и фасцинацијата со тишината како неискажаната можност на јазикот, би можел да биде составен дел од западното литературно наследство.[3]

II. Романтизам, Симболизам, Модернизам: патот до тишината кај Маларме и Рилке

Потсетувајќи се на поранешни моменти кога писателите стоеле на работ на јазикот не можејќи да изустат збор пред неизмерливата реалност со која биле соочени, Џорџ Штајнер нè упатува на Дантеовото Пеење XXXIII од Рајот, на Вагнер и вториот чин на Тристан, сè до Свети Јован Крстител пред неговата мистична глетка на Бога. Неговото резиме на оваа историја на поетска вознемиреност е сожето:
    Од средновековната латинска поезија до Маларме и рускиот симболистички стих, мотивот на потребните ограничувања на човековиот збор е честа појава. Со себе носи клучна најава за она што лежи надвор од јазикот, за она што го очекува поетот доколку би ги пречекорил границитете на човековиот

_____________________________________

1. T. S. Eliot, Four Quartets (Harcourt, Brace, Jovanovich, 1971) 19.
2. Maurice Blanchot, La part du feu (Paris: Gallimard, 1949) 300.
3. George Steiner, Language and Silence (New York: Atheneum, 1982) 36-54






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+