Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 95 | година XVII | март-април, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 95март-април, 2014
Звук Осврти

Последна станица, Тусон: Срцето е градина од кактуси

/3
стр. 1
Мехмед Бегиќ

Соништа од вода

Со чекање открив дека Тусон во Аризона е зацртан во мапата на моите соништа како место на кое ќе поминам дел од скромниот живот. Нешто има во водата, а не е месечина, иако на неа личи. Водата е нескротлива и постојано ме потсетува дека сум раснел на чудна земја, помеѓу три реки, блиску до пруга. Под мостот се поминуваа летата, зимите на облак од илузии.
    Каде што има соништа, таму има и граници. Доаѓам за да те најдам. Доаѓам зашто една голема плоча со своите единаесет песни ме потсети дека постоиш. Како е можно дека сум можел да заборавам… Зошто на границите соништата се пореални? Време е за ново патување.

Расневме во големиот песок: The DeSoto Caucus

Овие денови под закрила на европските цареви за американа и сурф музика, дискографската куќа Gliterhouse, која е сместена во германското гратче Беверунген, објавен е новиот албум на групата The DeSoto Caucus.
    Нема да се лажеме, додека не наидов на овој албум немав поим кои се луѓето. А има ли нешто подобро од одушевување со нешто врз кое нема историја и предрасуди, и препуштање на новото, за тоа ново едноставно да те зашемети пред првата песна да стигне да заврши. Тоа ми го направи The DeSoto Caucus со истоимениот албум, инаку трет по ред во дискографијата на бендот.
    Сурферските гитари и океанот вода заменет со бескрајот на песокот – ги слушав низ полусон. И секако дека немаше шанси да се заспие. Предобри се за такво нешто. А навистина многу сакам да спијам. Детективот во мене не можеше да го остави сето тоа на мир и да му се препушти на уживањето во забавените пејзажи и на брановите од тие гитари и тапани. О не!
    Мораше да загребе длабоко и набргу да открие дека момците се од Данска, од пристанишниот град Архус.
    Детективот откри и дека членови на групата се:
    Андерс Педерсен (пее и свири)
    Петер Домберновски (тапани, тресе, удира, дланките како инструменти не ги запоставува)
    Николај Хејман (пее, свири гитари, бас, клавијатури и што ќе затреба)
    Тугер Т. Лунд (свири контрабас, кларинет и клавир, пее)
    Хенрик Поулсен (свири бас гитара)
    И потоа наидувам на детаљ кој сè поставува на свое место. Тие свират со Хау Хелб! Тие се дел од семејството Giant Giant Sand, и живеат на релација Данска–Аризона. Алармот имал право.
    Во моментов се на турнеја по Европа.

Giant Giant Sand and Worms: Хау Гелб и екипите

Хау Гелб како тинејџер во почетокот на седумдесеттите се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+