Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 96 | година XVII | мај-јуни, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 96мај-јуни, 2014
Проза

Шехерезада

црна комедија во 1001 минута


/3
стр. 1
Срѓан Јаниќијевиќ

Dramatis personæ:

Младичот – 30тина
    Вујче – постар
    Девојка

МИНУТА 0001
    Некаков валкан подрум во кој има две врати. Едната е тешка метална, како за скривница. Полн е со hi-tech опрема (монитори, компјутери итн.) несвојствено за просторот. Влегуваат Младичот и Вујче. Носат некаков замотан тепих. Делуваат малце во паника.

ВУЈЧЕ: Остај го тука.
    МЛАДИЧОТ: Тука!?
    ВУЈЧЕ: На кратко.
    МЛАДИЧОТ: Тука ни е опремата!
    ВУЈЧЕ: Отвори ја вратата.
    МЛАДИЧОТ: Зошто јас?
    ВУЈЧЕ: Кај тебе е клучот.
    МЛАДИЧОТ: Не е кај мене. Ти го зеде.
    ВУЈЧЕ: Кој го најде местово?
    МЛАДИЧОТ: Јас го најдов?
    ВУЈЧЕ: Раце ми паднаа! Остај го долу! Да ги најдеме клучевите.
    МЛАДИЧОТ: Ако го пуштиш тепихот ќе направам… Не се заебавај!
    ВУЈЧЕ: Провери по џебови.
    МЛАДИЧОТ: Ти провери! Јас знам!
    ВУЈЧЕ: Не викај.
    МЛАДИЧОТ: Не ми врши притисок. Провери! СО ЕДНА РАКА!
    Вујче со левата рака проверува во левиот џеб додека со десната го држи тепихот кој делува малку потешко одошто изгледа. Процедурата ја повторува со другата рака и џеб.

    ВУЈЧЕ: Не се кај мене. Провери кај тебе.
    МЛАДИЧОТ, тресе со колковите: Тропаат?
    ВУЈЧЕ: Кој тропа? Што тропа!? Кај тропа?
    МЛАДИЧОТ: Клучевите! Не тропаат. Да тропаа ќе беа кај мене. Ќе тропаа!
    ВУЈЧЕ: Не тропај! Не се ни кај мене! Провери убаво.
    МЛАДИЧОТ: Не викај. Не реагирам добро на притисок!
    Сега Младичот ја повторува истата процедура со џебовите и рацете. Ништо.

    ВУЈЧЕ: Како влеговме?
    Младичот се завртува кон вратата низ која влегоа. Гледа кон неа.

    МЛАДИЧОТ: Висат на врата.
    ВУЈЧЕ: Оди земи ги.
    МЛАДИЧОТ: Држи.
    Младичот го пренесува целиот тепих во рацете на Вујче.

    ВУЈЧЕ: Не можам сам.
    МЛАДИЧОТ: Да не си го пуштил тепихот!
    Оди до вратата. Ги вади клучевите. Мавта со нив.

    МЛАДИЧОТ: Ти требаше да заклучиш.
    ВУЈЧЕ: Дојди помогни ми, раце ми паднаа… Побрзај.
    МЛАДИЧОТ, параноично: Чекај, чекај. Зошто не заклучи?
    ВУЈЧЕ: Јас да заклучам? Кај тебе беше клучот. Вратата е отворена!?! Не гледаш?
    МЛАДИЧОТ: Што значи дека планот ти бил лош. Држи го тепихот. Срање ќе направам!
    Тепихот треснува на земја. Штама. Младичот има мали тикови од оваа ситуација.

    ВУЈЧЕ: Полека, полека, смири се. Сè е под контрола. Без паника. Еве, го држам да не се одмота.
    МЛАДИЧОТ: Знаеш што најмногу ме навредува? Што мислиш за мене дека сум луд.
    ВУЈЧЕ: На секој може да му се случи.
    МЛАДИЧОТ: Секој?! Дали секој изнајмува подрум? Дали секој истиот тој подрум го полни со ваква опрема? Дали секој се задолжува до гуша за да ја набави истата опрема? Покажува на тепихот. Дали секој го носи ова што го носи во истиот тој подрум? Дали секој има иста цел како нас двајца? Што имаме ние Вујче?
    ВУЈЧЕ: Мисија. Јас ти го кажав тоа.
    МЛАДИЧОТ: Кој ми го кажал?!
    ВУЈЧЕ: Јас ти го кажав тоа.
    МЛАДИЧОТ: Значи не сум


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+