Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 96 | година XVII | мај-јуни, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 96мај-јуни, 2014
Есеи

Дискусија на „Ангел Левин“ од Маламуд

Дали читањето книжевни дела ја зголемува емпатијата во реалниот живот?


/13
стр. 1
Афродита Николова

Дискусија на „Ангел Левин“ од Маламуд
    Дали читањето книжевни дела ја зголемува емпатијата во реалниот живот?

1. Вовед

Актуелните дебати за уметностите во општеството и образованието го нагласуваат нивниот маргинализиран статус, особено во рамките на наставните програми. Поради ова, се појавија дебати во одбрана на уметностите, коишто колку го унапредуваат, толку и го поткопуваат нивниот статус (Abbs 2003, 7–44, 117–130; Eisner 2002, 1–25; Fleming 2012, 8–17). Во овој текст, би сакала да се задржам на тврдењето дека „читањето книжевни дела ја зголемува емпатијата“, коешто потекнува од споменативе дебати. Кога се припишуваат вакви дополнителни придобивки на читањето книжевни дела, постои опасност да се сфати дека книжевноста не е доволно вредна сама по себе. Еден пример за ова е сликата „Придобивки од читање книги“ дизајнирана од Госија Зимниак (Gosia Zimniak), чијашто цел е да ги истакне разновидните начини на кои читањето книги ги менува луѓето (види Додаток А). Пред да ѝ се припишуваат дополнителни придобивки на книжевноста, треба прво да се разгледа интеракцијата на читателите со неа и нивните емоционални реакции. Затоа, во овој текст ги образложувам одговорите од четири конкретни читатели од Македонија. Исто така, го одбрав книжевниот текст „Ангел Левин“ од Бернард Маламуд зашто темите расизам и дискриминација, како и застапеноста на техниката на магичен реализам и магичните елементи во текстот, се погодни за разгледување на тврдењето за емпатијата.
     Во следниов текст ќе ја објаснам состојбата на уметностите и актуелните дебати во светот, кои се релевантни и за нашиот контекст. Потоа, накусо ќе ја образложам критиката насочена кон читателот, заедно со некои поважни термини и поновите трендови за наративна емпатија (Barthes 1975; Barthes 1990; Culler 2002; Eco 1984; Eisenberg and Strayer 1990; Fish 1980a; Fish 1980b; Iser 1974; Iser 1980; Keen 2013; Keen 2008; Keen 2007; Mar and Macrae 2006; Rosenblatt 1980; Rosenblatt 1994). Понатаму, ќе дадам краток преглед на текстот „Ангел Левин“, за да преминам на дискусијата на одговорите на четири конкретни читатели од Македонија, три женски и едно машко, за истиот текст (Abramson 146–156; Benedict 1983, 28–36; Bluefarb 1964, 319–326, 335; Faris 1995, 145–163; Freedman 1966, 90–107; Slemon 1995, 407–427). Главен аспект во дискусијата ќе биде емпатијата што читателите ја покажуваат или не ја покажуваат кон ликовите во текстот. За крај, ќе ја нагласам потребата од дополнителни истражувања во врска со влијанието на читањето врз развивањето на емпатијата во реалниот живот; и потребата да се вреднува задоволството и уживањето во текстот, самото естетско искуство.

2. Вредноста на книжевноста: дебати

Развој на уметностите во образованието






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+