Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 96 | година XVII | мај-јуни, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 96мај-јуни, 2014
Критика

Роман на една нова наративна младост

/4
стр. 1
Јасна Котеска

Петар Андоновски (роден во 1987 година во Куманово) е апсолвент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега ја објавил збирката песни Ментален простор (2008), застапен е во антологијата на хаику поезија Нов хаику бран (СВП, 2011), а објавува поезија и раскази во Наше писмо, Разгледи и други.
    

Ракописот Очи со боја на чевли од Петар Андоновски е структурно поделен на два дела; првиот дел има четиринаесет, а вториот – деветнаесет куси глави, чијашто должина (од половина до две компјутерски страници) не само што ја обликува исклучителната динамика на романот, туку ја воспоставува и наративната драматика, досега невидена во поновата македонска прозна книжевност. Двата дела од романот се обединети под воведното мото, стихот од македонскиот поет Ацо Караманов: „Гледајте, моите очи имаат блесок на вашите лакирани чевли“, а целиот роман завршува со кусата белешка за мотивацијата зад настанувањето на романот, а имено авторскиот обид наративно да ја протолкува фотографијата на македонскиот фотограф Јанаки Манаки, „Мртва природа со чевли и фотографија“ (1916-19 година). Сето ова се однесува пред сè на техничките детали на ракописот Очи со боја на чевли на Петар Андоновски.
    Романот Очи со боја на чевли на Петар Андоновски е досега најкомплетниот дебитантски ракопис во моето повеќедецениско критичко исчитување и рецензирање на најновата македонска книжевност како во својство на универзитетски професор по македонска книжевност, така и на читател и љубител на најновата македонска книжевна продукција. Кусиот ракопис Очи со боја на чевли на Андоновски е фасцинантен роман, со едноставна, а мошне силна драматика, со неверојатно прецизно изградени ликови, роман без ниедна почетничка несмасност или очекувана грешка; роман со идеолошки моќна порака; со длабока, мајсторска психологизација на атмосферата на тегобност, чијашто внатрешно-кохерентна нарација е изведена со минимални зафати, а со максимален ефект; без ниеден видлив напор, и – конечно, е првиот дебитантски роман што олку силно се издвојува од сè што се појавило последниве години на нашата книжевна сцена.
    Романот Очи со боја на чевли е поделен на два дела. Содржински, првиот дел ја раскажува приказната за Ема, средовечна професорка по книжевност чијашто опсесија се чистите машки чевли; таа ги следи сопствениците на чевлите без намера да им пријде или да ги загрози во нивното секојдневие. Како што се расплетува приказната, така го дознаваме нејзиниот мачен живот покрај таткото, пензиониран генерал од ЈНА, чиешто мото: добриот генерал е најнапред генерал дома, е поразително за Ема; неговото родителство главно се состои од издавањето наредби до Ема,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+