Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 96 | година XVII | мај-јуни, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 96мај-јуни, 2014
Критика

Книжевното дело нема своја логика

Низ примерот на Селинџеровиот роман Ловец во ’ржта


/8
стр. 1
Калина Малеска

Вовед

Низ историјата на книжевната теорија и критика често се забележуваат обиди за издвојување на литературата од реалноста: книжевните дела се сфаќаат како самодоволни организми со своја структура и логика, независна од реалноста. Ваквите тенденции, иако постојат и претходно, се востановуваат како принципи особено од почетокот на дваесеттиот век кај модернистите, а подоцна и во рамки на структурализмот. Така, во есејот „Традицијата и индивидуалниот талент“, Т. С. Елиот тврди оти уметничките дела „меѓусебно создаваат идеален ред, што се модифицира со воведување на новото уметничко дело меѓу нив“ (Eliot, 2006: 2171). Според Жене, пак, наративниот текст „е раководен не од некој негов однос со реалноста, туку од неговите внатрешни закони и логика“ (цит. во Jefferson, 1992: 103).
    Кои се тие закони и логика во сопственост на наративниот текст – било да станува збор за роман или расказ? Вистина е дека текстот има своја логика: ако Елизабет Бенет во реалистичниот роман Гордост и предрасуда, на пример, одеднаш реши да изеде куче тоа би било против логиката на Остиновиот роман, додека ако Салим Синај од Децата на полноќта почне да лета, со тоа не би се нарушила логиката на романот на Ружди со оглед на тоа дека спаѓа во магичниот реализам. Но ако секогаш е така, тогаш како воопшто настанале дела како Децата на полноќта? Елизабет Бенет би можела да изеде куче ако Џејн Остин решила да го воведе тој елемент во својот роман. Со други зборови, логиката и внатрешните закони за кои зборува Жене воопшто не се закони, ами арбитрарни правила произведени не од текстот, кого Жене нè принудува да го замислиме како некој жив организам што самиот произведува значења, туку од авторот на текстот, кој може да ги воспоставува и крши и пак да воспоставува други правила. Кога овие, божем внатрешни, правила не би се прекршувале толку често колку што тоа во праксата се случува, сите романи би наликувале на Гордост и предрасуда. Логиката на текстот е онаа логика која авторот му ја наметнува – по своја волја – и понекогаш може да биде и нелогична и неконзистентна.
    Слично гледиште за литературата како засебен феномен постои и во македонската критичко-теоретска мисла, иако овде таа не потекнува од структурализмот. Според Георги Старделов, без Стале Попов би „зјаела литературна празнина“ во еволуцијата на македонската литература (цит. во Друговац, 1986: 40); слично, според Димитар Митрев, романот Крпен живот на Стале Попов, како изразито битов роман, доаѓа за да потполни една празнина во нашата литература (МД: 40) што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+