Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 96 | година XVII | мај-јуни, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 96мај-јуни, 2014
Галерија Осврти

Борец што никогаш не се разоружува

/2
стр. 1
Татјана Бундалевска

Веќе добро позната како на македонската, така и на светската јавност со својот препознатлив експресивен гестуален ликовен јазик преку многубројните масла на платно, oвојпат Симонида Филипова-Китановска ни се претставува во една друга техника а тоа е акварелот.
    

Сегашната употреба на акварелот е долго истражување на ефектите на играта со боја во вода: соединувања, разделени локви, ореоли, контрасти, слоеви боја, без размислување да се додадат контрасти и да се употребат блескави пигменти. Денешниот акварел се состои од храбри бои.
    

Симонида Филипова-Китановска ни се претставува со изложбата под наслов ,,Птичја градина‘‘, во нејзините ликовни решенија, во кои колористички ги компонира своите мисли и чувства, изразот е концизен и суптилен, а темата разновидна и интересна. Нејзините акварели не раскажуваат – тие се полни со внатрешна сила. Вештината што ги сплотува трпеливоста и спонтаноста, храброста и рефлексијата, ја создава силата на акварелите на Симонида Филипова-Китановска. Одрази и живост, храброст и академско знаење, таква е експресијата на сите дуалности како водата од акварелот и огненоста на неговите бои. Нејзината уметност ги покажува силните чувства на суптилност, слободата на допирот со четка и вибрацијата на движењето, впива цврста хроматска рамнотежа во која студот и топлината се усогласуваат.
    

Сцени од животот, најчесто цветови и птици, нејзините теми често во 3Д се впуштаат во пресрет на нашиот поглед. За уметницата акварелот нема други граници освен нашите сопствени. Ги користи цвеќето и птиците како тема за трансформација во апстрактни форми, а потоа создава нова фигура, компонирана од тие форми со нова содржина и своја симболика. Колоритот е доминантно потопол и звучен по интензитет, додека сините и ладни бои зрачат со светлина и го зголемуваат пулсирањето на животот во сликата.
    

Тематско-содржински, овој нејзин сликарски опус е наративна поезија на цвеќето и на птиците во која ги чувствуваме душата, боите и звуците на природата. Нејзините дела се одраз на темпераментот на една веродостојна халуцинација на животот. Движењето и топлината на сцените од животот се преведени со лежерноста и флуидноста во нејзините дела.
    

Уметноста на Симонида Филипова-Китановска е уметност на бојата и на движењето. Тоновите се врели но и меки за да се зачува таа сензибилност и спонтана искреност со кои се одликува. Да се движите низ акварелите на Симонида е како по малку да талкате низ отворените полиња на животот. Бои кои се насекаде, нежни, интензивни, моќни, со полна четка врескаат цветовите и птиците во нејзините акварели. Бојата, како прашање на интуиција и магична моќ, го опфаќа сликарскиот простор во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+