Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 96 | година XVII | мај-јуни, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 96мај-јуни, 2014
Звук Осврти

Благородниот Астатке и фуриозните „Фолтин“

Фотографии: Роберт Атанасовски


/2
стр. 1
Тони Димков

Докторот по музика, Мулату Астатке, и неговата група, како и неконвенционалната музичка атракција, која ја знаеме како група „Фолтин“, со своите гости, ги вратија времињата на страстните концертни доживувања во Скопје.
    

Веднаш ќе ја објасниме тезата од воведот кон освртот за втората вечер, која се одржа во Универзалната сала, на 13. издание на ОФ-Фест. Културниот живот во главниот град веќе извесен период наназад има завидна динамика на случувања – концерти, фестивали, изложби, претстави. Рака на срце, публика има доволно за секој културен настан. Тоа што често недостасува е страста на проследувањето на настаните. Едноставно, публиката ќе дојде на настанот, ќе аплаудира за да добие барем еден бис (кога станува збор за концерт) и - толку. Ретко се случува ерупција од овации со кои на изведувачите нема да им биде дозволено да си заминат од сцената.
    

Магијата што се случи на настапите на „Фолтин“ и на Мулату Астатке е чувството да не сакате да си заминат од сцената. Импресиите ги засилува фактот што генерациски разнообразна публика го чувствува истото. Секако, не без причина.
    

Групата „Фолтин“ веќе неколку години е влезена во зрелата фаза на својата работа. Ако со првите четири албуми „Outre-Mer“ (1997), „Архимед“ (2000), „Донки Хот“ (2003) и „Ло-ли-та-ту“ (2005) си го пробиваше патот, ги кршеше формите, го креираше својот есперанто-израз, пловеше по бурните медитерански поетски води, веќе со следните два албума „Ова трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“ (2008) и „Антитело“ (2012) ги открива својата духовна длабочина, музичка перфекција и сценска фасцинација.
    

Со настапот на 13. ОФ-Фест, како прво, дадоа сѐ од себе да отсвират фантастичен концерт, и второ, го исполнија принципот на организаторот на секое издание да учествува една македонска група. Дополнителен мотив е мини-турнејата, која почна на словенечкиот фестивал „Друга годба“, а по ОФ-Фест ќе продолжат на фестивалот „Мјузик митинг“ во Холандија.
    

Иако важат за неконвенционална група, нивниот пристап во подготовките на концертите секогаш е сериозен. Во овој случај, учеството на гостите Васко Атанасовски (Словенија) и Наталио Суед (Холандија) го подигнал нивото на концентрација. Перкусионистот Марјан Станиќ (Словенија) веќе соработувал на студиските албуми на „Фолтин“ и неговото присуство дополнително ја збогати звучната слика на нивниот концерт.
    

Засилената дувачка секција (Пеце Николовски, Васко Атанасовски, Наталио Суед) дава грандиозен звук на песните, перкусиите (Марјан Станиќ) ги засилуваат деталите, ритам-секцијата (Гоце Јованоски, Славчо Јовев) го носи темпото, хармониката (Пеце Трајковски) дава обележје на автентичност, додека вокалот (Бранислав Николов) со специфичниот мултилингвален израз и со прирачните свирчиња дава






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+