Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 96 | година XVII | мај-јуни, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 96мај-јуни, 2014
Проза

Следбениците на Мида

/10
стр. 1
Џек Лондон

Вејд Ачлер е мртов – мртов од сопствената рака. Да се каже дека малиот број луѓе кои го познаваа не го очекуваа ова – не би било вистина; но, ете, ние, неговите блиски, ниту еднаш не бевме дискутирале за тоа. Но како да бевме подготвени за тоа на некој несфатлив, потсвесен начин. Пред делото да биде сторено, веројатноста за истото не ни беше ни на крај памет; но кога дознавме дека е мртов, се чинеше како да сме знаеле и како постојано да сме го очекувале тоа. Гледано наназад, ова може да го објасниме преку неговата голема мака. Намерно кажувам „голема мака“. Млад, згоден, со сигурна работна позиција како десна рака на Ибен Хејл, големиот магнат од трамвајската индустрија, не можеше да се пожали дека нема среќа. Сепак, гледавме како му се брчка и бразди мазното чело како да го мачи некоја грижа или неиздржлива тага. Гледавме како густата црна коса му опаѓа и побелува како зелено жито под бакарно небо и опустошувачка суша. Кој може да заборави, сред забавните настани кои при крајот како сè повеќе да му требаа – велам, кој може да заборави како се повлекуваше во себе и паѓаше во депресии? Во тие наврати, кога атмосферата стануваше сè позабавна, одеднаш, ни а ни б, очите ќе му клапнеа и ќе се намрштеше, небаре, со стегнати тупаници и лице згрчено од психичка болка, се бореше против некоја незнајна опасност на работ на бездната.
    Никогаш не кажуваше што го мачи, а и ние не бевме толку индискретни да прашаме. Но добро што не прашавме; зашто и да прашавме, и да ни кажеше, немаше воопшто да му помогнат нашата поддршка и моќ. Кога Ибен Хејл умре, кому тој му беше доверлив секретар – всушност, речиси како посвоен син и полноправен бизнис партнер – престанавме да го гледаме. Како што сега знам, не е дека имаше проблем со нашата компанија, туку неговата мака беше станала толку голема што не можеше да возврати на нашата ведрина ниту пак да најде утеха во нашето друштво. Тогаш не можевме да сфатиме зошто е таков, бидејќи кога се отвори тестаментот на Ибен Хејл, светот дозна дека тој е единствениот наследник на многуте милиони на неговиот работодавец и беше изречно наведено дека ова огромно наследство му е дадено без никакви услови, пречки или ограничувања во користење на истото. Роднините на починатиот не добија ниту една акција ни паричка. А што се однесува на потесното семејство, една






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+