Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 97 | година XVII | јули-август, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 97јули-август, 2014
Проза

Чикамауга

/6
стр. 1
Амброуз Бирс

Едно[1] сончево есенско попладне, едно дете заталка од својот строг дом во мало поле и влезе во шумата без некој да го види. Беше среќно во нова смисла на ослободеност од контрола, среќно во можноста да истражува и да доживее авантура; зашто духот на ова дете, во телата на неговите предци, илјадници години било обучувано за историски експедиции на откривање и освојување – победи во битки чии критични моменти биле векови, чии победнички кампови биле градови од изделкан камен. Од лулката на неговата раса го освојуваше својот пат преку два континента и, откако помина преку големо море, се проби низ трет, за да се роди таму со војна и превласт како свое наследство.
    Детето беше приближно шестгодишно момче, син на не многу богат земјопоседник. Кога беше помлад, татко му беше војник, се бореше против голите дивјаци и го следеше знамето на својата земја до престолнината на цивилизираната раса во далечниот Југ. Во мирниот живот на земјопоседникот, гори оган на воин; штом еднаш се запали, никогаш нема да згасне. Човекот сакаше воени книги и слики, а момчето разбираше доволно за да си направи дрвен меч, иако дури и окото на татко му тешко ќе препознаеше дека е меч. Сега смело го носеше оружјево, како што му доликуваше на син на херојска раса и, застанувајќи повремено на сончевите простори во шумата, зазеде, со мало претерување, пози на агресија и одбрана што ги научи од уметноста на сликарот. Невнимателен поради леснотијата со која ги победи невидливите непријатели што го спречуваа да оди напред, ја направи вообичаената воена грешка да продолжи со освојувањето до опасна точка, сè додека не се најде на работ од широка но плитка река, чии брзи води го спречија неговиот напад врз брзиот замислен непријател кој ја мина реката со нелогична леснотија. Но, бестрашниот победник не се збунуваше; духот на расата што го мина големото море гореше непобедливо во тие мали гради и не се откажуваше. Откако најде место каде што неколку трупци во потокот лежеа на растојание од по два-три чекора, премина на другата страна и повторно се соочи со задните редови на своите замислени непријатели, прободувајќи ги сите со мечот.
    Сега кога победи во мегданот, рационалноста бараше да се повлече во оперативната база. Но, ах; како многумина помоќни освојувачи, и како еден, најмоќниот, не можеше да ја заузди похотата за војна, ниту да научи дека предизвиканата судбина на крајот ќе ја извојува победата.
    Зачекорувајќи напред од брегот на рекичката, одеднаш се

_____________________________________

1. Битката кај Чикамауга, што се одвивала на 19-20 септември 1863 година, го означила крајот на офанзивата на Федералната војска во југоисточниот дел на Тенеси и северозападниот дел на Џорџија. Оваа битка била најголемиот пораз во западниот дел од САД за време на Американската граѓанска војна и во неа имало најголем број жртви по Битката кај Гетисбург. Во однос на самото значење на зборот „Чикамауга“, постојат различни теории, според кои тоа значи „река на смртта“, „неистечна вода“, „добра земја“ и така натаму.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+