Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 97 | година XVII | јули-август, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 97јули-август, 2014
Проза

Подбивната птица

/6
стр. 1
Амброуз Бирс

Време – пријатно неделно попладне во рана есен, 1861 година. Место – срцето на една шума во планинскиот регион на југозападна Вирџинија. Војникот Грејрок од Федералната војска е удобно седнат до коренот од еден бор, на кој се потпира, а нозете му се протегнати право врз земјата, додека пушката му лежи преку нозете, а рацете (стегнати една со друга за да не му лежат настрана) му се одмораат на цевката од оружјето. Како резултат на контактот на задниот дел од главата со дрвото, капата му паднала врз очните капаци и речиси целите ги прикрива; да го види некој, би помислил дека спие.
    Војникот Грејрок не спиеше; да спиеше, тоа би ги загрозило интересите на Соединетите Американски Држави, зашто тој ги имаше прилично одминато линиите на својата територија и беше во опасност да биде фатен или убиен од непријателот. Освен тоа, умот му беше обземен од такви мисли што беа неповолни за одмор. Ова беше причината за неговата вознемиреност: во текот на претходната ноќ, тој стражареше кај една истурена стражарница, каде што го пратија како стражар токму во оваа шума. Ноќта беше јасна, иако немаше месечина, но во сенката на гората, темницата беше длабока. Местото каде што стражареше Грејрок беше на прилично големо растојание од стражарниците на лево и на десно, зашто стражарниците ги имаа поставено на непотребно големо растојание од логорот, со што линијата се оптегна толку многу што на силите им беше тешко целата да ја чуваат. Војната беше на својот почеток и воените логори правеа грешка кога сметаа дека додека спијат подобро ќе бидат заштитени со тенки линии многу издадени кон непријателот отколку со погусто наредени што би биле поблиску до логорот. Секако им беше потребно многу подолго предупредување за пристигнувањето на непријателот, зашто тогаш сè уште беа навикнати да се пресоблекуваат за спиење – најмалку војничката можна практика. Утрото на незаборавниот 6 април, во Шило, многу од војниците на Грант, кога беа набодени на конфедерациските бајонети, беа невооружени како цивили; но, мора да се наведе дека ова не беше резултат од некоја слабост на стражата. Нивната грешка беше од друг вид: воопшто немаа стражи. Можеби ова е непотребна дигресија. Не треба да се зафаќам да го поттикнувам љубопитството на читателот со судбината на војската; судбината со која сме се зафатиле овде е онаа на војникот Грејрок.
    Два часа откако го оставија на осамениот пункт таа саботна ноќ, стоеше здрвено, потпирајќи се на стеблото од големото дрво, и зјапаше во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+