Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 97 | година XVII | јули-август, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 97јули-август, 2014
Есеи

Смртта на молецот

/3
стр. 1
Вирџинија Вулф

Молците што летаат преку ден е несоодветно да се нарекуваат молци; тие не уживаат во пријатното чувство на темните есенски ноќи и цутот на бршлените, кое и најобичните жолти молци заспани во сенката на завесата секогаш успеваат да го разбудат во нас. Тие се хибридни суштества, ниту весели како пеперутките ниту натажени како својот вид. И покрај тоа, овој примерок со своите тесни крилја во боја на сено со реси на рабовите во истата боја се чинеше задоволен од животот. Беше пријатно утро во средината на септември; тивко, љубезно, а сепак со поостар здив од оној на летните месеци. Плугот веќе го ораше полето наспроти прозорецот и онаму каде што поминал земјата беше рамна и сјаеше поради влагата. Толкава жестина се тркалаше надолу од полињата и падината што беше тешко да се задржат очите над книгата. И враните одржуваа една од нивните годишни прослави; извишувајќи се до врвовите од дрвјата сè додека не изгледаа како безгранична мрежа од илјадници црни јазли фрлена во воздухот која, по неколку моменти, полека тонеше надолу по дрвјата додека секое гранче се чинеше дека има по еден јазол на него. Потоа, мрежата одеднаш повторно се фрла во воздухот, но овојпат во поширок круг и во крајна врева и пискот, небаре да се биде фрлен во воздухот и полека сместен на врв од дрво е ужасно возбудливо искуство.
     Истата таа енергија која ги инспирираше враните, орачот, коњите па дури и, се чинеше, навалената гола падина, го испрати молецот да трепери од едниот до другиот крај на прозорското стакло. Човек не би можел, а да не го гледа. Ниту, навистина, да го нема она чудно чувство на сожалување кон него. Можностите за уживање тоа утро изгледаа толку бројни и разновидни што да се биде молец тој еден ден изгледаше како тешка судбина, а неговиот елан за уживање во целост на неговите оскудни можности – патетичен. Тој енергично одлета во еден агол од просторот и по неколку секунди одлета кон другиот. А што друго му останува освен да одлета до трет агол, а потоа до четврт? Тоа беше сè што можеше да направи, и покрај големината на падините, ширината на небото, далечниот чад од куќите и романтичниот звук на паробродот што понекогаш се слушаше од морето. Она што можеше да го направи, го направи. Гледајќи го, се чинеше како некое многу тенко, но чисто конче од чудовиштната енергија на светот да се протнало низ неговото слабо и минијатурно телце.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+