Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 97 | година XVII | јули-август, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 97јули-август, 2014
Критика

Бајки со боја на мед

(Кон збирката раскази „Нова приказна“ од Мерсиха Исмајлоска; „Бран“, Струга, 2014.)


/2
стр. 1
Александра Јуруковска

Бајка, расказ, кус-кус расказ, песни во проза и по некој есеј… во некое мало замислено подмножество од сите нив се наоѓа светот од „Нова приказна“ на Мерсиха Исмајлоска.
    Поделена според „устројството“ на Толстој – Детство, Младост и Зрелост, збирката ги открива хронолошките, но и мотивските аспекти на расказите.
    Првиот циклус ги обединува фантастичните елементи, низ редовите шетаат еднорози, змејови, на повеќе места се споменува едно (волшебно) езеро и многу магични и магиски ситуации. Расказите ја позајмуваат поетиката на бајката, сказната, па дури и времето е бајковито, слично на „си било еднаш“, кое „не ги признава“ граматичките правила, затоа што најчесто сведочи за дејствија што имаат севременост или општовременост бидејќи се случиле во „она време“.
    Вториот циклус „Младост“ ја продолжува нитката на љубопитство и детската наивност како аспект на гледање на нештата, но ја отвора и онаа која ја најавува зрелоста и тоа преку страста, копнежот, честите љубовни мотиви, како и приказните за Љубениот и Љубената (Љубовникот и Љубовницата). Мотивите, посебно љубовните, се повторуваат, се надоврзуваат, формираат мал подциклус, а истовремено секој од расказите останува независен и функционира сам за себе, низ целата книга.
    Интересна е и фасцинацијата од Танцот, токму таков напишан со големо Т, како нешто посебно, како некој посебен, како место и време во кое приказните можат да влезат и да се сплетат, расплетат или да се соберат во погоре споменатото подмножество. Танцува Таа која раскажува, која чека, која сака, која копнее, танцува Тој што ја чека, онаму каде што чека, танцува водата, планините, езерото, Месечината, танцува и „Тлото под нејзините нозе“ (онака како што најавуваше Салман Ружди во неговата “the ground beneath her feet”, или како што пееја U2 во истоимената песна). Во такво темпо, во едно нишање во некој чуден ритам, во еден транс-занес, расказите на Исмајлоска на моменти наликуваат на магиски повикувања, на песни и формули кои ја бараат и ја допираат магиската моќ на зборот, но и на несвесното.
    Поглавјето „Зрелост“ го зголемува копнежот, страста, размислите за Другиот, Едниот, за љубовта и вечноста. Во овој дел е присутна и мала космогонија – создавање мини светови од љубов и желба, преку поврзаноста на душите, очите, преку читање мапи на телата. Во овој, како и во претходните делови, присутни се алузии на дела и автори (Малиот принц, Сто години самотија, цитираниот Ружди), на поетики, теории, правци и учења, како и на песни, пејачи, филмови и емисии, па палимпсесноста е само уште еден од начините на читање на расказите од „Нова






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+