Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 97 | година XVII | јули-август, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 97јули-август, 2014
Звук Осврти

Песните на загубените Канаѓани: А ти биди фаца, па не заплачи

/3
стр. 1
Мехмед Бегиќ

Бардот на Монтреал

Лутајќи низ беспаќето на интернет наидов на одличен трибјут албум – младата канадска поетско-музичка сцена на оригинални начини му одава почест на бардот.
    Целата приказна ја отвора Марк Берубе повикувајќи го Коен да упати уште едно збогување кон Ласа, небаре збогувања некогаш може да има доволно. Но само еден таков повик мене ми е повеќе од доволен за да заскитам по патот од снег и солзи. Не е крај на декември, снег не сум видел повеќе од три години, а сепак се чувствувам како стих од онаа зимска песна.


    Најслатката од милосрдните сестри: Lhasa de Sela

Беше први јануари кога Ласа замина. Долго со бореше со болеста. Сними албум за време на таа борба. Турнејата траеше, ништо не покажуваше како нештата ќе завршат. На големо кружеше приказната за новиот албум кој се подготвува да го сними, за нејзините верзии на песните кои ги напишал Виктор Хара. Колку се радував за тоа. Хероината го пее херојот, колку ли ќе биде тоа фантастично…
    Кога само би било. Беше први јануари 2010 години, кога умре. Имаше 37 години, исто колку и јас додека ги испишувам овие редови. Се обидувам да се сетам кога првпат ја слушнав. Дали тогаш пееше на француски, на англиски или на шпански? Попусто сите зборови, не успевам да се сетам. Но знам по што најмногу ја помнам, што прво срцето ми побарува да чуе…
    Таа совршена проштална точка, виртуелно преминување преку јаже, од еден брег до друг, од животот во смртта, од сè во ништо, од она што веќе не можеме да го поднесеме до новиот почеток кој отсонуван нè мами, тој дует на збогување изведен со Стјуарт од Tindersticks, тоа чувство на напуштање…
    That Leaving Feeling – тоа е тоа, тоа е мојата Ласа. Колку голем климакс остварува песната кога таа ќе отпее: “…so go and pat your kids and kiss your dog goodbye…” Или е од проклетите труби.
    А ти биди фаца, па не заплачи.


    Мора да е мојот двојник: Тим Гибонс
    


    Доколку некогаш го чул Shylingo, сигурен сум дека нашиот бард, рецитирајќи сопствена песна, во овој случај тоа би била “I Can’t Forget”, би заклучил: “…this must be my double…”
    Албумот Shylingo од Тим Гибонс во Мостар од Париз го донесе Феѓа и сите нас, Коеновите загубени клинци, хероите на тревата свиткана во цврсти магични џоинти, децата на утрото кое по правило донесува заблуди, нè одушеви.
    Марко и јас долго бевме убедени дека Гибонс






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+