Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 97 | година XVII | јули-август, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 97јули-август, 2014
Галерија Осврти

Изгрев на залез – постапокалиптична реа на транзицијата

/2
стр. 1
Сашо Димоски

Хотелот Изгрев, објект парадигматичен по своите предимензионирани пропорции, наменет за масовен туризам што се промовирал како составен дел од идеолошките матрици на социјализмот, е пуштен во употреба на 1.09.1979 година, со голема свеченост на која присуствувале тогашните видни партиски и републички функционери.
    Изграден како претпријатие за хотелски и угостителски услуги на туристичкиот локалитет Калишта во близина на Струга, во 1991 година, во процесот на приватизација, се трансформира во акционерско друштво во мешовита сопственост, па се продава на Македонската православна црква (МПЦ). Таа, пак, го дава под наем на приватна фирма, која по неколку години ја зафаќа финансиска афера. По притворањето на актерите во аферата и судскиот процес против нив, објектот ѝ се враќа на МПЦ. Во моментот кога се направени авторските фотографии кои ја сочинуваат оваа изложба (2011-2012 година), објектот беше руиниран, во карабинска состојба, со соголени ѕидови, без движен имот и опрема.
    

Парадоксално, отворен е на крајот на туристичката сезона (која на тој брег на Охридско Езеро и онака трае релативно кратко), но и на почетокот на крајот на идеолошкиот и политичкиот систем што го создал. Се чини дека овој објект некако судбински, од самиот свој, ваков почеток, како да бил предодреден симболично да ја претстави и пропаста, т.е. нефункционалноста на тој систем. Комунизмот, иако длабоко хуманистички по својата идеолошка матрица, се покажа практично неприменлив поради својот неочекуван капацитет реално да произведува апсолутизам, тоталитаризам и сеопшта корупција. Така и Изгрев, како негов материјален, а сепак симболичен приказ, ми се чинеше дека ја пресликува оваа деградација изграден со една идеја за објект кој требало да биде архитектонска, економска и туристичка гордост, тој всушност бил практично неприменлив, стопански неисплатлив, обемен проект кој никогаш не заживеал.
    

Како и многу други грандиозни проекти на системот во пропаѓање, Изгрев во деведесеттите години на минатиот век постепено станува напуштен, девастиран, празен објект, лишен дури и од обид да се воспостави неговата првична функција, но и од некаква можност за обновување или преобмислување. Заробен во општествениот процес на „вечната транзиција“, тој од објект со употребна вредност станува објект со историска вредност, т.е. станува реликвија. Или, кажано поинаку, станува споменик, уметничко дело. Токму ваквата негова трансформација е сржта на овој уметнички проект.


    КОМПОНЕНТИ на проектот

    

Трите компоненти на проектот го поврзуваат минатото со сегашноста и, иако различни, во суштина, треба да ја раскажат целата приказна за Изгрев, но и да укажат на одредени универзални феномени, или на феномени кои повторно и повторно се појавуваат. Првата компонента се репродукции






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+