Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Поезија

Слобода

/10
стр. 1
Ѓоко Здравески

слобода
4. земја. црвено.
погледите ни се бездомни
телото памти сѐ
напуштање на храмот
(празен)
граница
куќичка за птици-преселници
дом
знаци

_______________________________________________________________________

слобода

1.
дедо ми со тараби си го омеѓи дворот
и така доби парче земја,
ама го загуби светот.
а потоа почна и тоа свое парче земја
да го преградува и
да им дава имиња на бавчите.
а јас бев дете и најмногу ги сакав
вратничките што ги спојуваа.

2.
забодуваме колци-меѓници,
цртаме карти со некакви граници
и ставаме таму луѓе
што ни буричкаат по торбите
и нѐ прашуваат каде патуваме
како да им е тоа стварно важно.

gdje se putuje, gojko?
ме прашува меѓничарот во пет часот
наутро, а јас, уште неразбуден, му велам: дома.
а си мислам:
по земјава
или угоре-удолу? во просторот
или во времето? сега
или секогаш и во вјеки вјеков?

3.
векови сме далеку од слободата.
затоа што сѐ уште од туѓите синџири
се ослободуваме. и не го чувствуваме
во утробата клучот од ќелијата
во која сме заробени.

забораваме дека кафето што го пиеме
за да се разбудиме е содржано во
талогот на дното од шолјата.

секој ден за неа зборуваме. дури и
да запееме се дрзнуваме. само,
тоа го правиме болни. со страв
полни, наместо со љубов.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+