Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Проза

Авантурите на Хаклбери Фин

Поглавје XXXI


/5
стр. 1
Марк Твен

Не запрувавме до ниеден град со денови; цело време се движевме по реката. Сеа бевме јужно во топло време и многу далеку од дома. Почнавме да доаѓаме до дрва со гранчиња шпанска мов[1] на нив, шо висеа од дрвата како долги, бели бради. Првпат ја гледав порасната, а шумите од неа изгледаа свечено и тажно. Сега измамниците проценија дека више не се во опаснос и почнаа пак да ги меркаат селата.
    Прво одржаа лекција за умереноста; ама не заработија доволно за да можат и двајцата да се опијанат. После во друго село отворија школо за танцување; ама не знаеја да танцуваат подобро од кенгур; така шо на првата претстава, луѓето им скокнаа и ги избркаа од градот. Друкпат пробаа со часови по говор; ама не говореа долго пред публиката да стане и да ги испцуе и избрка. Се испробаа и во мисионерство и хипноза и лекување и предвидување на иднината и сè по малку, ама немаа среќа. На крај немаа ни скршена пара и се спружија на сплавот додека тој пловеше, и мислеа ли мислеа и нишо не рекоа по пола ден, ужасно тажни и очајни.
    На крај сменија и почнаа главите да ги ставаат заедно во вигвамот и да зборат тивко и доверливо по два-три саати. Џим и ја не се осеќавме пријатно. Не ни се свиѓаше оваа работа. Препоставувавме дека планираат нешо полошо од сè до сега. Размислувавме што сè би можеле да смислуваат и на крај помисливме дека ќе провалат во некоја куќа или продавница или ќе фалсификуваат пари или нешо слично. Тогаш ептен нè фати страв и се договоривме дека нема да имаме никаква врска со такви работи и ако видиме нешо такво, ќе ги поздравиме и ќе ги остајме. Едно сабајле го скривме сплавот на добро, безбедно место, на околу три километри од едно селце по име Пајксвил, и кралот отиде на брегот и ни рече да останеме скриени додека оди во градот за да провери дали некој слушнал нешто за „Кралското нематакво“. („Мислиш, дали има погодна куќа за да ја ограбиш“, си викам во себе; „а кога ќе ја ограбиш, ќе се вратиш овде и ќе се чудиш шо станало со мене и Џим и сплавот – и нема да се доизначудиш“.) И рече дека ако не се врати до пладне, војводата и ја ќе знаеме дека е сè во ред и да дојдеме.
    Така, останавме кај шо бевме. Војводата се нервираше и се потеше и беше

_____________________________________

1. Шпанска мов, или Tillandsia usneoides, е билка што расте на големи дрва. И покрај името, не е биолошки поврзана со мов.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+