Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Проза

Приказната за доброто момченце

/4
стр. 1
Марк Твен

Си живееше еднаш едно добро момченце, по име Џејкоб Бливенс. Секогаш ги слушаше своите родители, колку и да беа бесмислени и неразумни нивните барања; и секогаш учеше од Библијата, и никогаш не доцнеше на неделното училиште. Не бегаше од часови, дури и кога сметаше дека тоа е најкорисната одлука. Ниту едно од другите момчиња не го разбираше, беше толку чудно. Не лажеше, колку и да беше тоа погодно. Само велеше дека е погрешно да се лаже, и тоа му беше доволно. Неговата искреност беше едноставно смешна. Необичните навики му надминуваа сè. Не играше џамлии во недела, не крадеше од гнездата на птиците, не им даваше вжештени парички на мајмунчињата на верглашите; се чинеше како да не е заинтересиран за никаква разумна забава. Другите момчиња се обидуваа да го одгатнат и да го сфатат, но не доаѓаа до никаков задоволителен заклучок. Како што кажав претходно, тие имаа само нејасна идеја дека тој од нешто „страда“, па затоа го штитеа, и не дозволуваа ништо да му наштети.
    Ова добро момченце ги прочита сите книги од неделното училиште; тие му беа најголемото задоволство. Тоа беше целата тајна. Им веруваше на добрите момченца од книгите од неделното училиште; имаше целосна доверба во нив. Мечтаеше да сретне едно од нив во животот, барем еднаш; но тоа не се случи. Сите тие беа веќе одамна мртви. Кога читаше за некое посебно добро, тој набрзина вртеше до крајот за да види што се случило со него, бидејќи сакаше да патува илјадници милји и да му се восхитува; но тоа беше бескорисно; тоа мало добро момче секогаш умираше во последното поглавје, и таму имаше слика од погребот, со сите негови роднини и децата од неделното училиште кои стоеја до гробот во прекратки панталони, и преголеми шешири, и сите плачеа во своите шамичиња. Секогаш беше вака. Никогаш не можеше да види ниту едно од овие момчиња бидејќи секогаш умираа во последното поглавје.
    Џејкоб имаше благороден стремеж да биде во книга од неделното училиште. Сакаше да биде прикажан на слики каде што гордо одбива да ја лаже својата мајка, а таа да биде прикажана со своите солзи радосници; и слики кои ќе го претстават како стои на прагот давајќи паричка на сиромашна питачка со шест деца, и советувајќи ја да ги троши слободно, но не прекумерно, бидејќи прекумерноста е грев; и слики каде што великодушно одбива да го издаде лошото момче кое секогаш го чекаше зад ќошето кога се враќаше од училиште,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+