Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Есеи

За хуморот

(извадок)


/2
стр. 1
Луиџи Пирандело

Комедијата и нејзината спротивност потекнуваат од истото чувство и се заточени во процесот кој резултира од истото. Во неговата необичност ваквото чувство е горко комично, претставува состојба на човек кој е постојано неусогласен; човек кој истовремено е виолина и бас; имено, кај еден човек во кој не може да опстои една мисла, а да не биде оспорена во истиот момент со друга – суштински спротивна на првата; на човек кој за секоја причина поради која би рекол да, моментално му искрснуваат уште две, три причини коишто го притиснуваат да каже не, па така, тие „да“ и „не“ го одржуваат во состојба на постојана збунетост; на човек кој не може да не се препушти на чувството, без притоа да не препознае дека нешто однатре го вознемирува, го прави да се чувствува бесен.
    Комедијата е посебен психички феномен, и апсолутно е неосновано да ја препишеме на каква било крајна причина. Таа може да биде резултат на горчливото животно искуство – искуство кое не дозволува да се развие наивно чувство на слободно летање кон сонцето, бидејќи истото те влече за опашката секогаш кога си спремен да летнеш, а од друга страна ти укажува дека човечката тага најчесто е предизвикана од животната тага, од злото кое е толку големо што не секој знае како да го поднесе. Комедијата нè упатува да размислуваме дека животот, иако нема крајна и јасна цел во човечкиот разум, не нè принудува да талкаме во мрак, размисла која е лична и заводлива за секој човек, голем или мал. Но не е важно бидејќи не се и не може да бидат вистинските цели она што сите се обидуваат да го најдат, а што никој не го наоѓа – можеби затоа што не ни постои. Важната работа е да му се придаде важност на нешто, колку и да е тоа залудно. Тогаш нештото ќе биде оценето како сериозно и, на крајот, ниту едното ќе биде задоволувачко, затоа што вистината е дека силната жед за знаење секогаш ќе трае и никогаш нема да биде изгасната – иако не може да се каже дека човечката среќа се состои во неговиот прогрес.
    Нашата духовност е фикција, а делата предизвикани од чувствата се предмет на хуморот; ќе видиме како мислата станува ѓаволеста, со што се расклопува машината на секоја слика, на секоја фантазија создадена преку чувствата; хуморот ќе ги расклопи за да види како се создадени, ќе ја одвитка пружината и сета машинерија грчевито ќе се распадне. Можеби






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+