Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Есеи

Не може да се избрише

(Поетесите коишто пишуваат на англиски и индиската политика)


/9
стр. 1
Уша Акела

Насетувам елемент на протест во неочекуван извор на поезија, најчесто познат по својот идеал на доблесната индиска жена. Тоа е епот „Рамајана“ (24.000 стиха, 4-5 век п.н.е.), што се смета за ади кави (прва песна), најстар поетски израз на индиската емоција. Мажот на Сита, благородниот Рама, кралот на Ајодија, од неа бара јавно да ја докаже својата невиност. Таа го одбива тестирањето со оган и се моли на Мајката Земја да ја прими. Нејзината чистота е толкава, што земјата се отвора за да ја прифати. Тонејќи пак во пазувите на мајката земја, таа исчезнува. Рама, благороден и доблестен, обврзан со кралската дарма на тоа време (соодветен начин на дејствување) доброволно ја изложува својата жена на јавно испитување. Сита, одговарајќи како „жена“, а не како кралица, протестира против правото на кралот по вторпат јавно да ја понижи.
     Забрзано напред кон појавата на Индија како слободна нација, во 1947 година. Иронично, ситуацијата е сосема различна. Во 1975 година, индиската премиерка, жена/владетел, го посеа семето кое роди цела една низа протесна поезија. Декларацијата за итност на Индира Ганди создаде цело јато поети кои го обележаа индиското модернистичко книжевно движење. Жената, Политиката и Поезијата се тесно врзани во долгиот процес на политичката историја на Индија.
     Општо гледано, женската поезија во Индија датира уште од првичните племенски песни на нејзините првични жители; песните Пали на будистичките калуѓерки од 6 век п.н.е., Сангам поетите од Тамил, како Андал и Ајвајар, посветените поети од Средниот век, како Мирабаи, Ратна Бај и Акамахадеви, Мудупалани, Бахинабај, Малак Бај Чандра и Саноја Хосанама од 17 и 18 век, до Баламони Ама (1909-2004, мајка на Камал Дас), и модернистичко-феминистичкиот тренд на индиските поетеси коишто пишуваат на англиски, започнувајќи со Камала Дас.
     Независноста на Индија стана воден жиг за индиската поезија на англиски јазик. Критичарите во најголем дел се согласуваат на поделба на англиската поезија пред и по 1947 година. Борбата за слобода на Индија оди напоредно со патот на англискиот јазик од неговиот статус на „странски“ кон домашен јазик. Користен од првите општествени реформатори во прозата и поезијата, англискиот јазик станува подарок од колонијализмот токму во борбата против него. Иронично, поети коишто пишуваат на англиски јазик сè уште ја докажуваат и протестираат за својата валидност наспроти регионалните автори кои ја проблематизираат идејата за индиска автентичност кај англиските писатели.
     Раниот 19 век (околу 1850-1900), го означи раѓањето на англиското писмо во Бенгалија како јазик на протест. Индиската поезија започна во Бенгалија како што се зацврстуваа позициите






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+