Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Критика

Телото како психосоматски атлас

(Неколку психосоматски аспекти во делата „Заменети глави“ од Томас Ман и „Тело“ од Ханиф Курејши)


/9
стр. 1
Васко Маглешов

Приказната во новелата „Заменети глави“ од Томас Ман, која митокритички може да се толкува како древно иницијациско сценарио на двајца пријатели, нуди сликовит корпус информации за поимање на два типа корпореалност. Станува збор за Нанда, припадник на сталежот шудра (најнискиот сталеж во Индија) – прикажан како неодоливо привлечен, благодарение на неговата физичка активност како ковач и кравар, со што стекнал „силни мускули“ (според описите, се работи за атлетски тип на тело), кои често ги премачкувал со масло и за Шридаман кој припаѓал на една од повисоките касти во Индија, брамани (ерудити, мудреци). За разлика од Нанда, Шридаман имал поинаков изглед: тенок нос, благи зеници, спуштен стомак, (според описите имал пикнички тип на тело) односно т.н. брамански (свештенички) изглед. Овие двајца пријатели статусно и културолошки имале различни позиции во рамки на заедницата. Во Индија секоја каста има сопствена „д(х)арма“, т.е. закон и правила кои секој член е должен да ги почитува. Шридаман, бидејќи имал браманско потекло бил вклучен во највисоките сфери на заедницата и имал висок углед поради неговата ерудиција. Како контрастен пример не само на неговата физичка конституција, туку и на неговиот интелект е неговиот пријател Нанда – телесно прикажан речиси како фигурата на богот Аполон, но без можност убаво да зборува и со поограничен интелектуален дијапазон. Преку описите во новелата, Ман приложува два контрастни наративни идентитети. Заедничко им е единствено тоа што се долгогодишни пријатели, in coniunctio maxima. Опишувајќи го нивното меѓусебно дружење, уште на почетокот ја иницира конгениталната (вродена) и стекната (културолошка) различност – пресудни за перипетиите кои ќе ја разнишаат оската на нивниот однос.
    Ако се направи краток опис на двата типа корпореалност[1], може да се сумира дека вредноста на Шридаман, произлегува од неговата глава, (интелектот) а вредноста на Нанда од неговото тело. Притоа, уште на самиот почеток, Ман децидно приложува низа описи преку кои потенцира дека тие двајца пријатели имаат различен „вредносен дел“ и „вишок“. „Тоа беше тело што несомнено служи како додаток и приврзок на благородната и паметна глава, кој е главниот дел од целината, додека напротив кај Нанда телото беше такаречи основен дел, а главата само пријатен додаток.“[2] Ако нивното однесување се илустрира преку „теоријата на компензација“, произлегува дека тој „одбранбен механизам во замена на цели“може да биде differentia specifica на нивниот однос. „На пример, некој кој е телесно слаб и кој залудно се обидува својата желба за истакнување да ја оствари со физичката снага и физичката подготвеност, мотивот за истакнување го задоволува во некоја

_____________________________________

1. Поимот корпореалност во најширок семантички опсег означува физичка или телесна природа, т.е. се однесува на физиолошките т.е. материјалните особини на телото.
2. Odbrana dela, „Pripovetke“, Tomas Man, Matica Srpska, Beograd, 1980, 195 стр.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+