Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Звук Осврти

Моите средби со Ник Кејв: Од Чапљина, преку Барселона до загрепски бар

/2
стр. 1
Мехмед Бегиќ

Од графит до вечност

Првата средба се случи во Чапљина. Неговото име беше испишано на ѕид од зграда. Немав поим кој е Ник Кејв. Бев дете, но името е запомнето. Остана врежано во мојата потсвест за да биде насока во иднина.

Jesus and Mary Chain, Лу Рид, The Cure, Clash, Иги Поп, Gang of Four…  и тој Кејв, имиња се од фасади испишани со раката на добрите духови од моето детство. И сега, кога за тоа размислувам, фасцинантно е како толку мал град можел да има заебана екипа со префинет вкус. За нив сè уште кружат легенди. Јас во тоа време бев момчешки опседнат со рокабили музика и по малку со Брус Ли, ги сакав Елвис, сплитските Ѓаволи и белградските Идоли.

Подоцна ја пронајдов врската. За разлика од мноштвото кои главно ги спомнуваа Елвисовите почетоци, педесеттите и улогата во промоцијата на рокенролот, Ник Кејв истакнуваше дека него го фасцинирал последниот дел од кариерата на Кралот, пропаста во Лас Вегас, осаменоста на врвот од светот, без вистински пријатели, со сè послабите отчукувања на срцето и утехата во седативите. Во склад со тоа, на репертоарот од првите лондонски свирки, со новиот/стар бенд Cavemen, тој ја става песната In the Ghetto, еден од најголемите хитови од почетокот на крајот на Елвисовата кариера. И на неговиот живот.

Songs of Ship and Avalanche

Cavemen под тоа име постојат шест месеци. Во осумдесет и четвртата го објавуваат својот прв албум From Her to Eternity, официјално потпишан со Nick Cave featuring Bad Seeds, а In the Ghetto е осма песна на албумот. И сингл од истиот. Самиот албум го отвора помрачната верзија на и онака мрачната Коенова песна Avalanche, од албумот Songs of Love and Hate, од 1971 година.

Мојата втора средба со Кејв би можеле да ја означиме со кодното име Ship Song. Тоа беше дел од животот посветен на потрага и облици на туѓи тела кои во главата на патникот би можеле да воспостават мир и конечно завршување на потрагата. Наивно прекрасни мисли, сосема логични за одредени денови, и невозможни за некои подоцнежни. Беше тоа поетика на потрагата по невозможното, беа тоа гласови на терасата од големата куќа во предградието, додека свири Ship Song. И сите се вљубени во сите, неможностите се заборавени и неволјите избришани во тие пет минути од Кејвовото волшепство.

No More Shall We Part

Ship Song е снимена на албумот The Good Son, шести по ред со Bad Seeds.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+