Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Галерија Осврти

Иднината на минатото

/2
стр. 1
Александра Зиновски-Вилиќ

Цветанка Јованова е автор – графичар и сликар која зад себе има солиден уметнички опус. Оваа изложба претставува заокружување на еден творечки период од околу тринаесет години посветен на старата македонска архитектура.
    

Средишен мотив во нејзините дела е старата македонска куќа со своите карактеристични елементи: прозорци, порти, чардаци. Во циклусот Јованова избира по една куќа од неколку градови во Македонија (Охрид, Крушево, Ново село – Струмичко, Кратово, Дебар, Куманово, Велес и Штип) и притоа од нив создава композиции од лично доживување, со авторски отпечаток и со уметнички пристап доследен на едно ново транспонирање на мотивот во порака. Тие се обликувани на еден особено експресивен сликарски начин, така што, едновремено, ни ги претставуваат и специфичностите на старата македонска архитектура во целина. Куќите се збиени, раштркани, тесни и/или високи, сѐ во зависност од тоа на кој дел од Македонија припаѓаат, создавајќи притоа амбиенти на нешто минато, но, овој пат, преку динамичните композиции, тие говорат за нивното денешно присуство, инспиративни можности и поблагороден пристап.
    

Зошто токму темата куќа? Куќата речиси секогаш се врзува за сеќавањата на детството, на младоста, на спокојството во домот, но и стравот, преку нејзиното уништување, напуштање, заборавање да не биде заборавено и минатото. Со чинот на сликањето на старите трошни куќи, Јованова се залага за нивно зачувување. Преку својата слика го дава личниот придонес во рамките на меморирањето на она што било наша историја.
    

Поставката ја сочинуваат три сегмента. Првиот се состои од осум платна работени во маслена техника. Изборот на голем формат (160х240 см.) ѝ овозможува на Јованова да се чувствува слободна во изразувањето. Белата површина на платното ја „напаѓа“ со боја исликувајќи ги меморираните предели кои сака да ги забележи на него. Со шпатулата како главна алатка ги нанесува сигурните, силни и веќе однапред осмислени потези. Боите на нејзините платна оддаваат една поврзаност со колоритноста на сликаните предели. Колоритот се движи од силна жолта, портокалова и црвена па сѐ до сина. Работејќи едновремено на по неколку платна, во преден план се поставени куќите и со нив компонираните замислени населби, додека, пак, со премините на бојата во задниот план и делумното преминување на одделни композициски елементи се постигнува поврзување на приказите во сликите во една долгa хоризонталнa низa. Иако сликите функционираат секоја засебно, сепак тие ја постигнуваат својата вистинска смисла во нивното фризно поврзување, нивното претопување, во преминот од една во друга.

Како дополнителен врзувачки елемент Јованова употребува и динамично извлечени куси потези, своевидни впишувања, нанесени






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+