Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 98 | година XVII | септември-октомври, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 98септември-октомври, 2014
Галерија Осврти

Музата мора да танцува

/1
стр. 1
Ангел Миов

“MUZE MUST DANCE” е дело на ликовниот уметник Ангел Миов, кое годинава беше изложено преку проектот “Global Village 2014” во тврдината Fort (bij) Abcoude, Амстердам – Холандија, Минхен – Германија и Копенхаген-Данска. “Global Village” е меѓународен проект кој секоја година вклучува селекција на околу педесетина уметници од различни места на светот, претставува интернационална платформа која прави изложби кои патуваат низ повеќе градови и држави од светот. Проектот е основан во 2009 година од уметникот и куратор Jeroen van Paassen и предвидено е да трае до 2018 година.
    

“MUZE MUST DANCE” претставува видео инсталација, поточно објект (куфер), во кој е инсталиран дисплеј на кој се прикажува видео од просторија, односно ателјето на уметникот…
    

– Внатре е една балерина која се обидува да сфати како се нашла таму, таа го започнува својот танц а воедно ги испитува алатките за сликање обидувајќи да им најде сексуална конотација. Таа не знае дека ја има улогата на муза и дека околу неа се собрани Ван Гог, Дега, Рембрант, Лотрек, Дишан и Чајковски. Ван Гог донесе столче, Чајковски направи чај а Дишан молчеше. Се собраа да разговараат за важни работи околу уметноста. Никој не рече ништо, можеби времето не беше соодветно а можеби сите беа загледани во музата на апсурдот, апсурдот да се сретнат. Така молчејќи и си заминаа без да кажат ништо. Штета што ги пропуштивте, беа многу смешни.
    Автор: Ангел Миов
    Перформатор: Теа Пупковa
    

angelmiov.com/works_musemustdance.html






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+