Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 99 | година  | ноември-декември, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 99ноември-декември, 2014
Звук Осврти

Бил Калахан

СОНУВАЧОТ-БОКСЕР


/2
стр. 1
Меша Бегиќ

_______________________________________________________________________

ВРВОВИ, ВО МАГЛАТА

Никогаш не научив како да си ги засукам панталоните, деновиве пак учам, но имав среќа што другите околу мене знаеја како тоа да го сторат совршено. Тогаш, зеленкавата супстанца беше скоро домашно производство, и удираше на сите вистински места, нѐ правеше да се чувствуваме добро качени на уништените згради кај што сонувавме за патиштата и патувањата. Половина од формулата е да знаеш колку далеку да одиш. Помешај ја со малку страдање и смеа (http://youtu.be/AoKoE7RKx2k ), додај бендови како Smog, Arab Strap, Cat Power… и dEUS, кои тогаш беа најдобриот бенд на светот, но како што кажале мудрите: Штом ќе објават „Најдоброто од“, треба да ги отпишеш.
    По овој наплив од доцните деведесетти, ќе се вратам на нивните почетоци, во 1990 година Калахан го објави приот албум. Беше снимен на две ленти со опремата што му била достапна тогаш. Долго време се мислеше дека Бил намерно одбрал да свири на тој начин, но тој подоцна ги растури тие илузии со едноставно признание дека тогаш тоа била најдобрата опрема која му била достапна. Соништата не престануваат заради техникалии. Плочата ја издаде Drag City, а Калахан до денеска останува еден од нивните музичари.
    Освен тоа што се издавачи на музиката на Калахан, Drag City издадоа и две од неговите книги. Последната е збирка на стихови, или да бидам попрецизен – поезија, од повеќе од неговите албуми. Книгата е насловена I Drive a Valence, а илустрирана е со цртежи на Калахан со туш.
    Ambition: http://youtu.be/emIKbduPPE8

ТАНЦУВАЈЌИ СО НАС

Во раните деведесетти, Drag City беше важна институција со добро уво – тие собраа уметници како Pavement и Silver Jews. Исто така, издадоа и различни инкарнации на Palace на Will Oldham. Бендот Smog почна во истата средина, еден човек, една машина, тој наспроти светот, бестрашен и подготвен да сонува.
    Човекот кој го одбира Роки на Сталоне наспроти Таксист на Скорсезе е мој тип, а нашето објаснување на тој избор е слично: приказната за обичниот човек кој се бори до врвот и за младиот актер кој се обидува да направи сјаен филм е многу попривлечна од приказната за Исус.
    Ова е Калахан со кого се идентификуваме. Зборувам за него, а нѐ гледам нас, на врвот на урнатината која била прекрасна вила. Под нас има необично зелена река. Нѐ врзува волшебно растение. Годината е илјада деветстотини деведесет и осма. Гледам канцеларија и нејасни визии на иднината на музиката и книжевноста која сме предодредени






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+