Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 99 | година  | ноември-декември, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 99ноември-декември, 2014
Есеи

Црно јагне и сив сокол

Македонија


/5
стр. 1
Ребека Вест

_______________________________________________________________________

    Црно јагне и сив сокол
    Македонија

  
    Rebecca West
    Black Lamb and Gray Falcon
    A Journey through Yugoslavia
    Penguin Books, New York 1994
      
    Превел од англиски јазик:
    Владимир Цветковски
    (на македонски во издание на Три,
    во рамки на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“)
      

СКОПЈЕ I
      
    Ова е врвен миг на Велигден кога свештениците го креваат навезеното платно од масата, го изнесуваат надвор на отворено, и го вртат три пати околу црквата на чело од толпата верници, сите носат запалени свеќи пеејќи химна за воскресението Христово. Константин и јас се придруживме кон ваква процесија кога дојдовме во Скопје претходната година, и посакав да го повторам истото. Тоа е вистинското совршенство на сликовитоста со цветната жолта осветленост од свеќите, студенилото на ѕвездената и месечевата светлина, светликавоста на крстовите и одеждата на свештениците, темните силуети на луѓето потпрени врз осветлените прозорци на куќите на плоштадот, што се чини како и тие да се лелеавеа со ритамот на светлината и сенките што наидуваа. Но овде има и повеќе од тоа, има вистински Велигден, воочливата разлика меѓу зима и лето, меѓу студенило и жештина, меѓу темнина и светлина, меѓу смрт и живот, меѓу минус и плус. Нешто значајно што минува незабележано затоа што тоа постојано се доживува тоа постојано се чувствува во неговата важност. Но сега не можевме да ѝ се придружиме на процесијата затоа што бевме на крајот од иконостасот кога таа започна, и таа ги направи првите кругови пред да стигнеме до вратата. Кога владиката кој беше на чело на свештеничката поворка сврте кон влезот за да ја одржи својата богослужба ние се наоѓавме во предворјето, така наречениот нартекс, којшто се наоѓа во предниот дел на секоја византиска црква, кое овде беше особено големо и световно, зашто архитектите биле навикнати на големите тремови на џамиите, каде што муслиманите се навикнати да седат и да муабетат да го обават својот бизнис или да расправаат за политика.
    Јас бев многу уплашена додека стоевме таму, зашто си мислев дека одредена група луѓе, збиени еден до друг постојано мрдајќи од неудобност, сите држејќи свеќи би можеле да се запалат. Но заборавив на својот страв, затоа што стоев спроти една селанка која седеше на пезулот од еден прозорец којашто го претставуваше есенцијалниот дел на Македонија, којашто беше токму она поради што се вратив да го видам. Таа беше на возраст на која сите Македонки стасуваат веднаш штом им престанува моминството: педесет годишни шибани од времето. Главата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+