Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 99 | година  | ноември-декември, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 99ноември-декември, 2014
Есеи

Потребен ли е национален поет?

Одраз на американската книжевна култура


/4
стр. 1
Соња Сринивасан

_______________________________________________________________________

Потребен ли е национален поет?
    Одраз на американската книжевна култура

Во многу земји би можеле да најдеме поединец којшто ја претставува колективната свест или духот на нацијата. Оваа личност е национална фигура, симбол, икона којашто буди гордост кај нејзиниот/неговиот народ. Оваа личност е писател посветен на поинаква цел од онаа којашто ја имаат повеќето писатели тука во Соединетите Држави. Улогата на овие епохални писатели е да го пренесат мислењето на масата, да ги искажат идеите на целината, а не да пишуваат едвај затскриени мемоари или приказни за дисфункционални врски и романтика коишто се популарни во Америка. Понекогаш писателот не е веќе жив, туку е почитувана фигура од националната историја. Делата на овој писател се читаат и проучуваат во училиштата или во универзитетите. Таа или тој се овековечени со споменик на некој голем градски плоштад или во музеј, или пак, таа/тој е херојска фигура која се осмелува да зборува против властите, и за жал на крај ја плаќа цената.
    ……
    ……Често, овие писатели не се производ на некоја книжевна катедра ниту пак имаат диплома за креативно пишување. Можеби нема да се осврнат на конвенционалните техники за пишување белетристика, и веројатно не биле членови на групи за разглобување книги во онаа американска смисла (се избира книга па истата се дискутира на избрана локација), иако најверојатно седеле со часови во кафулиња и со своите колеги без престан разговарале за книжевноста и за своите омилени писатели и филозофи. Многу често, овие писатели се личности чиешто занимање не била книжевноста туку политиката, дипломатијата, физичката работа, компаративната лингвистика, филозофијата, новинарството, активизмот, медицината и така натаму. Еден од многуте вакви примери е и познатиот драматург Вацлав Хавел, којшто бил политички активен. Хавел мирно ја водел Кадифената револуција којашто довела до разделување на Чешка и Словачка додека тој бил претседател. Октавио Паз е мексикански дипломат којшто служел во Индија (неговата извонредна книга ,,Поглед кон Индија’’ е сведоштво за времето што го поминал таму). И храбриот Шокри Белајд, водачот на движењето Арапска пролет во Тунис, пред неговата прерана смрт бил адвокат и поет.
    ……
    ……Многупати, делата на овие писатели се политички обоени или се доста алегорични. Еднаш, имав прилика да присуствувам на говор на познатиот Салман Ружди. Она што најмногу ме воодушеви беше јасната цел на неговата уметност – да служи како раскрсница помеѓу книжевноста и општеството. Треба само да се прочита неговата извонредна (и потценета) ,,Кловнот Шалимар’’ за човек да почне да ја цени политичката историја на Индија и поделбата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+