Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 100 | година  | септември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 100септември, 2015
Есеи

Игор

/2
стр. 1
Горјана Јордановска

_______________________________________________________________________

Игор

Не го познавав Игор многу. Само еднаш го сретнав, бевме во бар, имавме состанок за Блесок. Тоа ми беше првиот состанок, требаше да се запознаеме од редакцијата. Не го знаев ни Игор, ниту Калина, никој. И, носев една песна, сакав да ја прочитам таа вечер, онака, на брзина начкрабана, извадена од некаде, мислев дека е убава. Не знаев дека Игор е поет, немав поим кој е Игор Исаковски – знаев само дека тој е главен во Блесок, толку. Прашував по луѓе, да не бидам без ич, и ми викаа: „Абе, оној поетон, како не го знаеш.“ А јас климав со глава, и ми беше срам. Ми кажаа: „Доаѓа чат-пат во кафичов, и стално мрчи зошто е вискито толку скапо. Па, ако ти е скапо, не го пиј, ебате!" И јас си помислив, ете ти беља, што го знам сега каков ќе биде на состаноков. И му се налутив таа вечер, искрено. Ни нарача мали шотчиња: „Овие се нови тука, ептен убави, има мед во нив," и ги испивме, неколку, едно по друго. Имаше полно луѓе, се читаше поезија, луѓе излегуваа на бина, секој да каже по нешто, да се проба. И јас си помислив дека можеби и јас би требало да се пробам. Му ја дадов песната на Игор (седеше до мене), си помислив, ете, сега најверојатно ќе ми каже дека ми е добра – надежта последна умира, се разбира. И ја исчита цела, ме праша само на едно место кај што не се разбираше, а јас си помислив – ете, не му држи внимание, значи е лоша. Да, се сврти, ме погледна и само заниша со главата и ми го врати листот, ништо не кажа, мислам дека ги поткрена веѓите, и толку. И јас му се налутив. Се разбира дека не ја прочитав потоа. Се прошуткав, тргнав да си одам, заборавив да платам, се вратив, Игор беше на шанкот, ми наздрави оддалеку, како за поздрав, некако безволно, крајно сеедно… и си заминав.
    Потоа, многу потоа, налетав на песната "Еби се Исаковски", и си помислив, мора некој да ја напишал за него. Ете, толку знаев, а и надежта последна умира, нели? И потоа, откако подзаборавив на него, се најдов во друг бар, во кој исто така се читаше поезија, неговата поезија. И не ми беше грижа што зборуваа за него, колку бил добар, пишувал, преведувал, и што ли уште не… јас само сакав да ги слушам неговите зборови.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+