Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 100 | година  | септември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 100септември, 2015
Есеи

Пишуваше како што живееше и живееше како што пишуваше

/2
стр. 1
Јосип Ости

_______________________________________________________________________

Пишуваше како што живееше и живееше како што пишуваше

Игор Исаковски првпат го видов кога се одѕвав на повикот на пријателот, поетот Богомил Ѓузел и повторно, првпат по војната во која се распадна некогашна Југославија, учествував на Струшките вечери на поезијата, кои тогаш ги организираше Ѓузел. Имено, меѓу оние кои помагаа во организацијата, видов едно убаво, високо момче со долга црна коса и со крупни темни очи, не знаејќи тогаш дека тоа е Игор Исаковски. Ниту пак дека е поет. Зашто поголемиот дел од времето го минував претежно во друштво и во разговори со своите стари познаници и пријатели меѓу македонските поети, не само постари од него, туку и од мене. А првпат се сретнавме и разговаравме дури повеќе години подоцна, откако веќе беше превел, и во Блесок објавил повеќе мои книги. Првата наша средба беше во Словенија, во која живеев веќе подолго време, од 1990 година, а веќе пишував и песни на словенечки јазик. Така започна нашето, како што големиот поет Тин Ујевиќ би рекол, побратимство во вселената. Што го потврдува и нашата преписка, бидејќи секое писмо и јас и тој го започнувавме со зборовите Драг брату… Следеа неговите бројни преводи и објавувања на мои книги. А и нашите средби. Неколкупати тој престојуваше и во мојата куќа во селцето Томај. И во неа се чувствуваше како во своја, како што и јас се чувствував во неговиот, тогашен, скопски дом, кога бев кај него на гости. Со него, со неговата жена Калина (која, претходно, и не познавајќи ја мојата жена Барбара, ѝ беше пратила убав, голем, поротокалов шал, кој, кога умре во 2007 година, бидејќи многу ѝ се допаѓаше, ѝ го ставив околу вратот, а Игор присуствуваше и на нејзиниот закоп) и нивните ќерки Сара и Лина. Детскиот цртеж на Лина, кој ми го подари, и денеска стои на ѕидот над мојата работна маса. Како што и на моите полици стојат подарените книги на Игор. Нашето десетгодишно пријателствување навистина беше поетско братство. Ама и повеќе од тоа. Бидејќи не само што редовно ми ја праќаше секоја напишана песна, за да му го кажам својот впечаток за неа, туку и еден на друг си доверувавме и многу најинтимни работи. Како преведувач, уредник, издавач и пред сѐ поет, ме фасцинираше со својата работливост и енергија, иако и за мене велат дека не сум сработил и напишал малку. Пишуваше многу. Неконвенционално. Неретко и предизвикувачки. Критично. И самокритично. Страсно. Заљубенички. Самоуништувачки…






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+