Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 100 | година  | септември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 100септември, 2015
Проза

Пливање

/13
стр. 1
Игор Исаковски

_______________________________________________________________________

159

Во 22:оо ја исклучив миксетата, ја зедов торбата и касетофонот дискотечен, Снежана го зеде шишето и тргнавме. Го поздравивме Божа во фоајето и продолживме кон павиљонот.
    Таа ја отклучи собата и влеговме внатре. Ги отвори прозорците, јас го вклучив касетофонот и избрав касета. Ј.Л. Хоокер, ' Лет'с Го Оут Тонигхт. Погледнав кон небото. Немаше месечина. Ја затворив вратата. Таа стоеше на средината на собата. Во собата имаше два кревети, маса со два стола и лавабо. Ја бакнав. Ми возврати и тргна кон вратата. Молчев. Се прашав како се чувствувам. Не чувствував ништо особено. Бев смирен.
    – Морам да одам – рече со дланката на кваката.
    – Зошто?
    – Сите видоа дека доаѓаме заедно наваму.
    – Океј. Ќе се видиме утре.
    – Може да те разбудам?
    – Да, баш би било фино.
    – Ќе дојдам рано.
    – Дојди.
    Се врати кај мене, бакнежот траеше долго и потоа ја затвори вратата зад себе. Јас легнав на креветот, потегнав од шишето и се вслушав во Блуесот. На масата видов кутија цигари. Ги оставила за мене, помислив и додека палев една ја отворив вратата. Еден жолтокос стоеше од другата страна и се сепна. Го погледнав, тој замина низ ходникот и влезе во една врата. Во ходникот имаше уште луѓе и сите ме гледаа испитувачки. Момчиња и девојки. Бевме врсници, отприлика. Ходникот делуваше запуштено: ѕидовите беа посивени и пожолтени од времето и не можеше да се каже која била нивната боја порано. Ходникот беше долг и на секои 5-6 метри имаше по една слаба гола светилка. Жолтилото и сивилото си го имаа најдено својот дом. Светилките беа толку слаби што можев да ги видам жиците во нив. Се вратив во соба¬та. Вратата остана отворена. Од надвор се чу џагор. Српскохрватски со чуден акцент. Босанци, си реков и ја засилив музиката. Жолтокосиот се појави на вратата. Стоеше и ме гледаше. имаше насмевка во очите.
    – Влези – му реков.
    Влезе и седна на еден стол. Го понудив со ракија. Отпи и ми го врати шишето.
    – Како се викаш?
    – … Вампир – реков.
    – Вампир, хахаха! – и потегна од шишето.
    – А ти?
    – Суад.
    – Здраво Суад.
    На вратата стоеја уште неколку момчиња и девојки.
    – Ова е Вампир – рече Суад.
    Тие се смееја.
    – Од каде доаѓаш, Вампиру? – праша некој.
    – … Од гроб – реков.
    Тие повторно се насмеаја. Ги викнав внатре и станав од креветот.
    – Седнете на овој. На другиот ќе спијам.
    Шишето сврте еден круг и дојде меѓу мене и Суад. Потоа, и тој се повлече. Останавме јас и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+