Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 100 | година  | септември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 100септември, 2015
Звук Осврти

Преписка со Нина: Влези кога ќе посакаш, вратате е отклучена

/3
стр. 1
Меша Бегиќ

_______________________________________________________________________

Две песни

Двајца луѓе пишуваа песни за Нина Симон. Тоа беше во различни ноќи кои до неподносливост наликуваа една на друга. Воздух натопен со мака и музика во секој атом. Пишувањето како единствен излез до утрото. Поезијата како неутрализатор на болката.
      
    Првиот човек не се сеќава на деталите. Знае дека себеси се доведе до работ. И дека ракијата покрај машината за пишување беше неумолива. Не знае кога се онесвестил, но знае дека пишувал и дека наутро го дочекале довршена песна, празно шише и заслужена главоболка. Цената е платена. Ветерот е див. Сѐ што сакавме беа допири.
      
    Другиот човек се викаше Исаковски. Разменуваше електронски писма со првиов човек во ноќта која едвај можеше да ја поднесе. Сепак, стигнуваа и да се насемат. Во еден момент рече дека Нина влегува низ вратата. Беше четири наутро, пиеше виски.
      
    Оној првиот тепаше рум од Никарагва. Знаеја така да пијат, да разговараат, да прават книги, да пишуваат песни. Во лудите времиња кои воглавно ги презираа, ова беше една од предностите, можеше да бидеш во Скопје, во Њујорк, Манагва, Барселона, а сепак да наздравиш, да споделиш џоинт, да завршиш песна… Сето тоа со убиствениот клавир и гласот на мадам Нина Симон.
      
    Таа ноќ Исаковски скоро ја доврши песната и екранот на компјутерот замрзна. Не можеше ништо да стори. Песната е изгубена. Единствено да се сети и да се обиде пак да ја напише. Се сеќавам дека почетокот остана ист:
      
    „Дојди Нина, дојди во сред ноќ, или пред мугри, кога и да посакаш, вратата ми е отклучена, прозорците отворени, влези од кај сакаш.“
      
    Остатокот се менуваше. Или не. Пишуваше по сеќавање, оставајќи да заклучиме дали првата верзија била само подготовка за песната која допрва треба да се напише.
      
    А потем, во една слична ноќ, недолго потоа, повторно двајцата другари се поздравија и не претчувствувајќи дека Исаковски наскоро заминува во некој небески бар каде што разбеснетата Нина од клавирот со шишиња ја гаѓа публиката пред да ги омае со својата песна.
      
    Музика

DON'T LET ME BE MISUNDERSTOOD

Твојот глас Нина, начинот на кој ги изговараш и ги делиш зборовите, начинот на кој се престоруваш во таа песна и несебично му ја пушташ на светот, ми дава сила, но ме враќа и во синџирите чии клучеви и денеска ги имаат високо позиционирани функционери на Кју Клукс Кланот.
      
    Сето ова го кажувам заради себе, зборувам заради Бога во кого апсолутно се сомневам, заради годините






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+