Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 100 | година  | септември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 100септември, 2015
Есеи

За Игор Исаковски

/2
стр. 1
Елизабета Линднер

_______________________________________________________________________

Безброј книги и воздишки за овој ебен свет и тринаесет …

Сакав, многу сакав да преведувам книги од германски на македонски и барав, долго барав издавач во Скопје со кој ќе можам да соработувам на едно поинакво професионално ниво од она што им беше вообичаено на тамошните издавачки куќи. Тоа беше во 2007-2008 година, кога наидов на Блесок, на Игор Исаковски – кого го познавав уште од времињата на Ван Гог и Нипон, но не го знаев лично. Го исконтактирав и уште на првиот пијалак во Џетро Тал со која ја заливме својата идна соработка имав чувство дека со нашата полетност и љубов кон книжевноста, со нашата глад за книги и литература, со идејата дека ќе правиме нешто големо, нешто значајно, ќе го разубавиме светот… Колку убав почеток на една плодна соработка што полека прераснува во пријателство, а потоа и во семејство.
    И, навистина, како и во секое семејство и ние си имавме повремени конфликти и несогласувања за ова или она, имавме повремени бурни реакции на лутина, но и чувство на болка за можната загуба, кое, за среќа, водеше до искрен и разумен разговор, решавање на конфликтот и неизбежно зајакнување на постоечката меѓусебност.
    И повторно и повторно човек има чувство дека сето тоа ќе трае и ќе трае, бидејќи ние сме млади, а светот е гладен за добри книги и добра мисла, за извесен квалитет на кажаното, замисленото, измисленото… дека некој ќе мора уште многу и уште долго да издава книжевна храна во оваа наша вкочанета и автоматизирана реалност и дека ти, и ние, ете, на светот ќе можеме да му подаруваме дел од убавината што сметаме дека ја заслужил…. надвор од медиокритетското, надвор од извештаченото и наметнатото, надвор од квази-интелектуалното и од масата која себеси се смета за подобра и која ја диктира таа ебена реалност… и која и бездруго не купува книги, не од нашите, но, ете, сепак, тие би биле присутни и би донеле некаква вредност во светот. Сакавме една поинаква убавина, па кој ја види ја види, кој не, не мора, ама дури и за тие малкумина сепак таа мора, мора, мора да постои…
    Игор стана ненаситен, работеше небаре е тоа дишење, небаре ако престане да работи, веќе нема да може да земе воздух, а со тоа и светот и реалноста веќе нема да опстојуваат, зашто нема да им се вдахне убавината што им треба, небаре ако неговата работа сопре за момент, светот и сè во него






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+