Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 100 | година  | септември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 100септември, 2015
Критика

Игор не пишува песни, тој ги прави

/2
стр. 1
Мелике Инџи

_______________________________________________________________________

Игор не пишува песни, тој ги прави

Толкупати сум рекла: „Морате да ги прочитате песните на Игор Исаковски!“, но никогаш не сум рекла зошто. Сигурно сега е време.
     Не следиме современи поети. Особено последниве години, интересот за поезијата се намали. Знаеме толку малку нови поети по „Второто ново движење“, ако не сме заглавени во „Чудната“ ера. Со оваа реалност во нашите граници не добиваме шанса да ги запознаеме поетите од странство.
     Се сретнав со песните на Игор Исаковски благодарение на промоцијата на неговата книга „Еби се Исаковски“ во мај. Имав можност да ги слушнам неговите песни од него самиот на неговиот јазик, со кој не сум ни малку запознаена. Дури и така, имав чудно чувство како да разбирам што вели. Кога Гокченур Ч, кој ги преведе неговите песни на труски почна да чита, на некој начин, разбирањето стана опипливо.
     Првата песна избрана за книгата „Од каде толку инспирација, Исаковски?“ е како водич кон поезијата на Исаковски. Него го инспирира страдањето предизвикано од неговата свест, побуна во време на пораз, нештата за кои се фаќа кога е на дното, неговите патувања, љубовта и страста, книгите што му се при рака, а уште поважно, според мене, сомнежот во себеси. Кога го читате со овие елементи в рака лесно го разбирате изворот на вистинската тага во неговите песни. Сепак, заради ова, галењето по образот низ неговите стихови веднаш станува шамар. Тоа не е намерен шамар што ви го удира поетот, го предизвикува врската која ја гради со читателот и тоа што ве допира на вистинското место.
     Избраните песни за оваа книга ве оставаат да читате, без да размислувате зад затвореното значење како „што сакал поетот да каже“, како што тече емоцијата на Исаковски, паѓајќи за да стане, непоразена, со болка, страст, понекогаш со љубов на татко, а најчесто со „свест“. Ви треба подолга или пократка пауза за да земете здив по секоја песна. Јас обично читам сѐ одеднаш кога првпат се среќавам со некоја збирка поезија. Ова не можев да сторам со оваа. Мојот прв обид заврши кога стигнав до шестата песна: „Добро“, која започнува со овиие стихови: “добро, ајде да си признаам: / јас сум сам. точка.” Запрев токму тука. Ја слушнав оваа песна на читањето. Всушност, помислив дека не треба да влијае на моето читање тоа што веќе сум ја слушнала Згрешив. Решив да ја прочитам со тоа што ќе се ставам во неговата осама и ќе си дадам






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+