Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 100 | година  | септември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 100септември, 2015
Критика

Игор – посветен и неуморен преведувач

/4
стр. 1
Калина Малеска

_______________________________________________________________________

Игор – посветен и неуморен преведувач

Во неколку мои разговори со луѓе кои добро го познаваа Игор Исаковски, она што тие најмногу го истакнуваа за него беше дека Игор „неуморно преведува“. Сите го употребуваа овој збор – „неуморно“. И, навистина, ако се погледнат изданијата на Блесок, веднаш паѓа во очи колку неуморно Игор преведуваше – од екс-југословенски јазици (српски, хрватски, словенечки и нивните варијанти), како и од англиски, со што им ја даде на македонските читатели можноста да се запознаат со навистина извонредна поезија. Бидејќи е невозможно да се опфати огромниот опус од преводите на Игор, одбрав само неколку песни од тројца поети низ кои ќе се обидам да ги покажам карактеристиките на Игор како преведувач. Тоа се Јосип Ости, Оља Савичевиќ Иванчевиќ и Џек Галмиц.
     Кога човек има одврзани раце да бира поезија за списание, која исто така си дава задача да ја преведе, тогаш првата и најважна работа е изборот, зашто преводот доаѓа дури потоа. А Игор бираше извонредна поезија и за превод на една песна посветуваше денови и денови со цел да ги изнајде најдобрите зборовни решенија. Песните „Книги ангели – домашни божества“, „Песната беше и остана твојот единствен дом, Марина Цветаева“, „Истите песни некогаш ги читавме“ или „Останав ли без јазик“ на Јосип Ости, објавени на страниците на Блесок го докажуваат тоа. Така, што се однесува до изборот на поезијата, не е потребно да се знаат биографски податоци или да се прочитаат критички осврти за Ости за веднаш да се забележи специфичноста и моќта на неговата поезија. Љубовта на Ости кон книгите и неговата умешност да го пренесе тоа се забележителни уште од првите стихови, а тоа Игор го забележал и го пренел и на македонски.

Книги – ангели, домашни божества – преполн со вас
    ми беше сараевскиот стан. Преполни полици – олтар
    пред кој, толку пати, стоев понизен.
    Прашувајќи се по која ќе посегнам. Чија тајна ќе се обидам
    да ја одгатнам. Во која ќе оставам траги од читањето.

При споредбата со оригиналот уште на самиот почеток од песната, веднаш се забележува една карактеристика што се провлекува низ целото преведувачко творештво на Игор – обраќање внимание на контекстот. Така, прво, во некои случаи, оригиналниот збор е малку изменет, не е сочуван зашто во контекст на целата песна на македонски јазик повеќе одговарал некој друг термин или друга граматичка конструкција. Второ, и спротивното некогаш е вистина – во одредени случаи, без разлика на необичната (на македонски) конструкција, во преводот таа е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+