Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 100 | година  | септември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 100септември, 2015
Критика

El amor en los tiempos del cólera

/3
стр. 1
Елизабета Баковска

_______________________________________________________________________

El amor en los tiempos del cólera

Во декември 2014 година ненадејно почина мојот врсник, колега и пријател, поетот Игор Исаковски. Половина година подоцна, ја прочитав и ја препрочитав неговата збирка поезија, Дека да, последната напишана и подготвена од негова рака. Во ова прочитување, не ме изненади тоа што најдов само една единствена печатна грешка (зашто Игор беше прецизен пишувач и уште попрецизен читател и на своето писмо и на писмата на другите), ниту пак тоа што со стихови исполнил стотина страници (зашто од некого поезијата капе, а од Игор извираше). Ме изненади тоа што овде, каде што очекував да најдам мачни претчувства и предвесници на неговото заминување (онакви какви што наоѓав во претходните негови збирки, како Смртта има коса од морска трева), наидов на ведрина и многу љубов. Јеби га, како што би рекол тој, секој од нас постојано се соочува со своите деконструирани предубедувања.
    Дека да е единаесеттата збирка поезија, а седумнаесетта објавена книга на авторот за кој верувам дека не е само предводник на мојата генерација македонски автори, туку и нејзина своевидна метафора. Неговото творештво, неговите ставови, неговиот начин на живеење и работење и неговата севкупна личност, во себе ги носат сите тегоби и парадокси на генерацијата која го преживува битништвото на бескрајната македонска транзиција. Игор во секој поглед го одликува забревтаноста на товарниот воз кој постојано ита, натоварен, а жеден за брзината која ќе го ослободи, силно, гневно и жестоко влечејќи го товарот на минатото кон некоја неизвесна иднина. „[Ј]урам како природна / непогода, шибам како разулавен ветар / кој усните ти ги бара. па ги отвора,“ вели овој поет на движењето, на дејствувањето, на идејата која мора да се преточи во акција. Мирувањето и помирувањето никогаш не му биле блиски, а уште подалечно му беше прифаќањето или премолчувањето на нештата со кои не се согласуваше. Така живееше, така и пишуваше, без да се штеди и без да застане да погледне зад себе.
    Во сите десет збирки кои ѝ претходат на оваа, Игор пишува обилно и соголено, со длабоко убедување дека онаму каде што почнува автоцензурата, завршува уметноста. Неговиот поетски егзибиционизам не се воздржува ни пред темите (алкохолизмот и смртта на татко му, брачните проблеми, сопствените пијанства и љубовта и презирот кон другите), ни пред зборовите (па во неговите стихови нема еуфемизми ниту за сексот ниту за смртта). Токму заради ваквото, целосно отсуство на притеснување (или желба не да му се угоди на читателот, туку на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+