Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Есеи

ЗА ПРИРОДНАТА СОСТОЈБА НА ЧОВЕШТВОТО

/5
стр. 1
Томас Хобс

_______________________________________________________________________

ЗА ПРИРОДНАТА СОСТОЈБА НА ЧОВЕШТВОТО

Превод од англиски: Калина Малеска
      
      
    Природната еднаквост на луѓето. Природата ги создала луѓето со речиси еднакви телесни и умствени способности, иако понекогаш може да се наиде на човек по сила поголем или по ум поспособен од повеќето; сепак, општо земено, разликата од еден човек до друг не е толку голема, за да може едниот да си бара за себе корист што не би ја заслужувал другиот. Бидејќи, што се однесува до телесната сила, најслабиот има доволно сила да го убие најсилниот, било со тајни интриги или во сојуз со други кои се наоѓаат во иста опасност како и тој самиот.
    А што се однесува, пак, до умствените способности, не земајќи ја предвид умешноста на говорењето, а особено вештината да се донесуваат заклучоци врз основа на општи и непогрешливи правила, наречена наука – која малкумина ја практикуваат и само за некои феномени, зашто таа не ни е некоја вродена способност; ниту е стекната, како мудроста; по другите умствени способности, значи, луѓето се дури и послични меѓу себе одошто по силата. Бидејќи мудроста не е ништо друго туку искуство; кое подеднакво им е поделено на сите луѓе кои се занимаваат со исти дејности за ист временски период. Причината што оваа еднаквост се чини неверојатна е суетната вообразеност која, знаеме, е особина на многумина, зашто секој се мисли помудар од сите останати, освен од неколку исклучоци за кои смета дека можат да му се приближат умствено, а ова верување се должи на нивната слава или на тоа што нивните мисли се совпаѓаат со неговите. Таква е природата на човекот, да се согласи дека има многумина кои се поитри, поелоквентни, поучени; но тешко да поверува дека има други толку мудри како него самиот; оти својот разум го познаваме, а туѓиот не. Но ова е само доказ дека луѓето се еднакви по умствените способности. Фактот дека секој е задоволен со она што го добил најдобро сведочи за тоа дека сите нешта се подеднакво распределени кај луѓето.
    
    Од еднаквоста произлегува недоверба.
Од еднаквоста на способностите произлегува еднаква надеж дека ќе ги достигнеме своите цели. Затоа, доколку двајца го посакуваат истото нешто, кое сепак не можат и двајцата да го имаат, тие ќе станат непријатели; и за да ја постигнат својата цел – што е најчесто нивната сигурност, а понекогаш и само уживање, се обидуваат да се уништат, да се потиснат еден со друг. Со ова ја побиваме претпоставката дека освојувачот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+