Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Есеи

МЕТАМОРФОЗИТЕ НА ЛАВИРИНТИТЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ РАСКАЗ

/8
стр. 1
Владимир Мартиновски

_______________________________________________________________________

МЕТАМОРФОЗИТЕ НА ЛАВИРИНТИТЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ РАСКАЗ

Вовед
      
    Раскажувањето наликува на влегување во лавиринт: и раскажувачот и читателот преземаат низа ризици. Првиот со секој збор може да ја насочи и пренасочи патеката на својата приказна, но и на секој чекор може да залута, застрани, заталка… Раскажаното може силно да го привлече читателот во своите мрачни ходници, нудејќи можност по читањето на книгата да се стане „некој друг“, но може и да му предизвика чувство дека е повеќекратно убиен од Минотаврот. Некои раскажувачи дискретно им ја нудат нишката на Аријадна на своите читатели, а некои уживаат кога насетуваат дека тие долго ќе талкаат по свијоците и сокаците на приказната.
    Како древна митска слика, лавиринтот манифестира поливалентна симболика уште во архаичните митологии и најстарите книжевни споменици. Во заклучокот на реномираната студија Книгата на лавиринтите, Паоло Сантарканџели ја констатира нераскинливата врска меѓу просторот и времето што ја продуцира лавиринтот во неговиот универзално распространет митско-ритуален комплекс. Од бахтиновска перспектива, и во книжевниот контекст лавиринтот претставува хронотоп (времепростор) кој мошне сугестивно ја одразува „суштинската заемна врска помеѓу временските и просторните односи“ (Бахтин 1989, 193). Веројатно затоа лавиринтот е неодолив предизвик во уметничките патешествија на духот на редица неодминливи прозни автори на 20 век: од Џојс до Кафка, од Еко до Табуки, од Борхес до Жид, од Бланшо до Роб-Грие. Според античката митологија, лавиринтот е ремек-дело на вештиот архитект Дајдал, здание нарачано од страна на критскиот владетел Миној, синот на Ѕевс и Европа. Како колосална градба, споредувана со кралската палата во Кнос (16 век пр. Н.е.), која според археолозите и архитектите имала околу 800 соби на површина од 000 м2, лавиринтот прераснува во амблем на материјалната и на духовната култура на минојската цивилизација, макар што како симбол лавиринтот се среќава на сите меридијани и во голем број религиски и езотерични системи.
    Според својата примарна намена, лавиринтот е место за иницијација, а во хеленскиот мит тој е една голема уникатна зандана, „една нерешлива збрка од ходници“ (Грејвс) во чие средиште, по налог на Миној, е заточен Минотаврот, чудовиште со тело на човек и глава на бик, кој е син на Пасифаја и Посејдоновиот бик. Според митот, во лавиринтот бил заточен и неговиот творец Дајдал, заедно со син му Икар, а нивното бегство (од лавиринтот) е прикажано уште во осмото пеење од Метаморфози на Овидиј. „Но, во тој мит клучната ситуација поврзана со овој голем симбол е пресвртена – потенцира Влада Урошевиќ во есејот „Патот до средиштето и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+