Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Критика

Кон Бекетовиот израз: комплексноста и минимализмот

/4
стр. 1
Лидија Митоска

_______________________________________________________________________

Кон Бекетовиот израз: комплексноста и минимализмот


    Но јас ништо не знам. Ништо не велам. Овие гласови не се мои, нити овие мисли, туку се гласови и мисли на демоните што ме опседнуваат.

    Семјуел Бекет, Неименливото
      
    Се чини дека оваа реченица изговорена од нараторот од Бекетовиот роман Неименливото го отсликува неговиот однос кон сопствените дела, кон целата литература, па дури и кон комуникацијата воопшто. Бекет се занимава со јазичниот систем и со неточноста на претпоставката дека комплексниот систем на знаци може навистина да пренесе значење. Тој во своите драми ја презентира реалноста онаква каква што ја гледа – како бесконечна линија од означители, кои всушност ништо не означуваат. Иронијата во неговите дела се состои во тоа што постоењето подразбира зборување, а за да се зборува, треба да се усвои јазичниот систем, систем на зборови кои немаат инхерентно значење.
    Секој обид да се стигне до јасна и точна интерпретација со востановување на идентитетот на Годо преку критичка анализа, би бил исто толку наивен колку и обидот да се откријат „јасни контури скриени зад бојата на сликите на Рембрант со стружење на бојата“[1]. Алан Шнајдер, кој требало да го режира првото поставување во Америка на Чекајќи го Годо, го прашал Бекет кого или што претставува Годо, го добил одговорот „Да знаев, ќе кажев во драмата“[2]. Ова е корисно предупредување до секој оној кој им пристапува на драмите од Бекет со намера да го открие клучот на нивното разбирање, да покаже прецизно и точно што тие значат. А сепак, за драмите кои се напишани на толку необичен и збунувачки начин, природно е да се чувствува потреба за објаснување, со кое би се открило нивното скриено значење и би се превеле во секојдневен јазик. Изворот на оваа заблуда лежи во погрешното сфаќање дека мора да постои некаков начин за ваквите драми да се редуцираат до конвенциите на „нормалниот“ театар, до дејствија кои можат да се раскажат. Обидите да се постигне тоа, се разбира, осудени се на неуспех: наместо линеарен развој, Бекетовите дела ја претставуваат авторовата интуиција за човековата состојба преку еден метод кој е всушност полифоничен; ја соочуваат својата публика со една организирана структура на искази и слики кои се длабоко испреплетени едни со други и кои мора да се восприемат во својата целост, како различни теми во една симфонија, кои добиваат значење преку истовремена интеракција.

Но ако мора да им се пристапи на Бекетовите драми со големо внимание за да се избегне симплификација на

_____________________________________

1. Esslin, Martin. The Theatre of the Absurd. 3rd ed. London: Methuen, 2001. Print. P.45
2. ibid. 44






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+