Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Критика

НАДМИНУВАЊЕ НА ЖЕНСКИОТ МОЛК

/4
стр. 1
Ана Мартиноска

_______________________________________________________________________

НАДМИНУВАЊЕ НА ЖЕНСКИОТ МОЛК

(Кон книгата „Од собата до Холивуд (Сликата на жената уметник во биографскиот филм)“ (Зојдер, 2014) од Весна Дамчевска
    Исто како што патувањето од илјада милји започнува со еден чекор, така и секоја приказна започнува со само една реченица. Свесна за правилото дека секоја добра книга започнува со одлична прва реченица, Весна Дамчевска ја започнува својата книга „Од собата до Холивуд“ со едно провокативно прашање, кое многумина го сметаат за нерешливо: Што сакаат современите жени?
    Тоа ме асоцираше на една легенда за кралот Артур кој бил фатен како лови во соседното кралство, па за да не биде убиен, морал да одговори на најтешкото прашање за тоа што всушност сакаат жените? Тој се обидел да добие одговор од принцезите, кралицата, простутките, калуѓерките, мудреците, дури и од дворскиот шут, но залудно. Последна надеж му била старата вештерка, која во замена за одговорот побарала да се омажи за најблагородниот витез од Округлата маса – сер Гевејн. Вештерката била грбава, грда, со еден заб, со непријатна смрдеа која излегувала од нејзиното тело и испуштала необични крици, но Гевејн решил да се жртвува за својот пријател и за кралството. На венчавката старата вештерка рекла: "Секоја жена сака да биде сопственичка на својот живот!", а сите веднаш сфатиле дека е во право. Артур бил спасен. Но, дошла и првата брачна ноќ кога Гевејн ја чекал својата невеста во креветот и за чудо, дочекал прекрасна млада жена. Таа му рекла дека половина од времето ќе биде вештерка, а половина убавица, а тој треба да избере кој изглед го сака дење, а кој ноќе. Тежок избор, ќе признаете. Дали преку денот да има прекрасна девојка со која ќе се гордее пред другите, а во интимноста на креветот да има грозна баба, или обратно? Што би избрале вие?
    Гевејн мудро ѝ дозволил самата да одлучи! Таа постапка ја носи нашата приказна до очекуваниот хепиенд. Тој ѝ дозволил да биде сопственичка на сопствениот живот, па како награда таа одлучила засекогаш да биде млада и убава. Ако сѐ уште се прашувате која е поентата на приказнава, еден шеговит машки коментар вели: Не е важно дали жената е убава или грда, таа е секогаш вештерка.
    Шегата настрана, неколку века по Артур, оваа книга треба да ни го понуди одговорот на Дамчевска. Во потрагата таа поаѓа од не(видливоста) на жените во уметничката продукција преку кус преглед на феминистичките теории, посебно на денешната перспектива и сѐ поактуелните прашања: Дали феминизмот ја заврши својата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+